Вечерва со почеток од 21 часот, ќе биде отворена Годишната завршна изложба на Скопското средно уметничко училиште.
Во училишната галерија, а и низ сите атељеа во училиштето, младите уметници ќе се претстават со свои слики, мозаици, графики, цртежи, скулптури, керамики, но и дигитални дела, видео клипови и анимации.
Настанот ќе биде збогатен и со модна ревија на одделот за текстил и облека.
Петнаесетина креации од учениците под менторство на проф. Елена Вангеловска ќе продефилираат низ црвениот тепих поставен во училишниот двор. Настанот ќе биде збогатен и со музички настап на култниот Охридски Backdoor band.