Уште една потврда за силното стратешко партнерство со САД, каде со свечена церемонија во Пентагон, министерката за одбрана Петровска ќе биде примена од секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, кој е првиот човек на одбраната на САД.
Лојд Остин е пензиониран американски генерал со 4 ѕвезди со големо воено искуство, човек кој во неговата 41 годишна кариера во Армијата ги минал речиси сите скалила, бил главен командант на Централната команда (CENTCOM) и заменик началник на Армијата на САД, како и последниот генерал-командант на силите на американската операција во Ирак, надгледувајќи ги сите борбени операции во земја. Своето воено образование го има стекнато на престижната американска Воена академија – Вест Поинт, која важи за најдобра во светот.
Остин е прв човек на американската одбрана и главен помошник на претседателот Бајден за сите прашања кои се однесуваат на одбраната и е член на Советот за национална безбедност.