ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ердоган повика на меѓународно признавање на Северен Кипар

June 13, 2023 16:23
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на меѓународно признавање на Северен Кипар каде вчера престојуваше во прва официјална посета по неговиот реизбор за претседател.

Во Турската Република Северен Кипар Ердоган се состана со водачот Ерсин Татар, чиј авторитет го признава само Турција.

– Ако треба да има враќање на преговарачката маса, начинот да се направи тоа е преку признавање на Северот, рече Ердоган, пренесе Еурактив.

Кипар е поделен од 1974 година кога турската војска ја нападна северната третина од островот како одговор на државниот удар чија цел беше да го обедини целиот остров со Грција.

Официјално, цел Кипар е територија на ЕУ, откако Република Кипар се приклучи на Унијата во 2004 година.

Мировните сили на Обединетите нации патролираат во тампон зоната што ја дели самопрогласената Турска Република Северен Кипар (ТРСК) од меѓународно признаениот југ.

Турските повици за „решение со две држави“ за кипарското прашање беа отфрлени од кипарските Грци, кои го сочинуваат мнозинството на југот. Република Кипар, заедно со меѓународната заедница, се залага за бизонална, бикомунална федерација во согласност со рамката на ОН.

Речиси 144.000 гласачи се регистрирани во северен Кипар, вклучувајќи турски доселеници и војници, како и кипарски Турци со турско државјанство. На неодамнешните избори тие во големо мнозинство гласаа за противкандидатот на Ердоган, Кемал Киличдароглу.

Ердоган ги отфрли компромисите за време на заедничкото обраќање со Татар. „Праведните барања на кипарските Турци се јасни и недвосмислени“, рече Ердоган.

„На Кипар има два посебни народи“, додаде Татар.

Статусот на островот е еден од најдолгите спорови во светот. Тој со децении е извор на тензии низ целиот медитерански регион, што беше нагласено во последните години поради откривањето на големи извори на енергија на тој простор. Тоа придонесе и за заострување на односите меѓу Турција и Грција, како и со остатокот од Европската унија.

Анкара има повеќе од 35.000 војници во северен Кипар. Речиси шест години нема официјални мировни преговори под покровителство на ОН.

Водачот на кипарските Грци Никос Христодулидес, кој победи во вториот круг од изборите во февруари, сака поголема улога на ЕУ на Кипар, јави Euraktiv.rs.

Tags: Ердоганмеѓународно признавањеСеверен Кипар
Next Post

Украинските сили преземаа контрола над 3 квадратни километри во насока Бердијанск и напредуваат во Бахмут

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk