Серијалот „Црвениот поет“ го тргна својот пат, да ја раскаже приказната за единствениот Рацин, чие дело испишува дел од историјата на македонската самобитност и литература, објави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
„Во рамките на „Рациновите средби“, низ 10 епизоди во продукција на „Сектор филм“, е прикажан животот на Рацин кој е доказ за смислата на секоја борба, смислата на жртвата дадена од љубов и верба. Агенцијата за филм, овој серијал го финансираше со по 30 илјади евра од епизода, за обработување тема од историски период.
Синоќа го посетив Велес, ја проследив првата епизода и им честитав на сите вклучени чинители за ова филмско остварување“, напиша министерката Костадиновска-Стојчевска.