ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонската мобилна апликација Challenger препознаена од Google Play во кампањата #WeArePlay”

June 15, 2023 10:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Македонската мобилна апликација за одржливо живеење Challenger е избрана од Google Play за иновација која ја претставуваат земјава за европската кампања #WeArePlay.

Со цел да ги стави во центарот на вниманието европските бизниси кои создаваат влијателни апликации и игри, #WeArePlay ја препозна компанијата GreenIT заедно со други две наши компании, како лидер на македонската стартап сцена.

#WeArePlay ги споделува приказните на поединци и тимови низ Европа кои градат успешни бизниси преку апликации и игри на платформата Google Play. Ко-основачите Стефан, Олга, Симон, Митко и Теодора се пресреќни што се избрани да ја претставуваат својата земја во оваа престижна кампања.

„Ние сме неверојатно горди што нашата апликација Challenger е дел од кампањата #WeArePlay на Google Play. Ова признание не само што го става Challenger на мапата, туку и го привлекува меѓународното внимание на растечката стартап сцена во Македонија. Тоа е доказ за капацитетот на нашата земја за иновации, а преку кампањата испраќаме порака до светот дека имаме што да понудиме и сме спремни за раст и инвестиции.”, вели ко-основачот Олга Рајчиќ.

Тие се надеваат дека ова достигнување ќе инспирира повеќе млади луѓе од земјава да ја искористат технологијата и креативноста за да изградат подобра иднина.

„Ова нека биде потсетник дека сме способни за големи нешта кога го насочуваме нашиот ум и дека, со соодветни ресурси и поддршка. Ова е возбудлив момент не само за нашиот тим туку и за целата наша заедница.”, истакна Рајчиќ.

Од своето основање, апликацијата Challenger на GreenIT е пионер на патот за поодржливо живеење во земјава. Оваа мобилна апликација ги охрабрува своите корисници да се одлучат за поеколошки транспортни методи, како што се пешачење и возење велосипед, наместо да користат автомобили. За секој изминат зелен километар, корисниците заработуваат Челинџер поени со кои може да се добијат награди и попусти во локалните бизниси.

Тие се сеќаваат на почетоците: „На почетокот се состанувавме во познато локално кафуле, говоревме што може да преземеме за Скопје како еден од најзагадените градови во Европа. Увидовме предизвик, да најдеме начин да ги мотивираме нашите сограѓани да бидат дел од зелена заедница, и така се роди Challenger.”

Корисниците на мобилната апликација се приклучуваат на дневни, неделни и месечни предизвици за да се натпреваруваат и да се мотивираат едни со други, поттикнувајќи чувство на припадност и добробит за општеството. Ова додава дополнителна вредност преку апликацијата, правејќи го зеленото живеење не само потреба, туку и забавно и привлечно искуство.

„Сакаме нашите корисници и деловни корпоративни партнери да ни се придружат во градењето подобра заедница. Challenger е повеќе од само апликација – тоа е платформа за создавање општество каде што граѓаните и корпорациите ќе можат да работат заедно кон заедничка цел – почиста и поздрава животна средина” додаваат тие.

Откако веќе се здобија со значајно признание во 2019 година, кога победија на регионалниот натпревар за Зелени идеи, со поддршка на организацијата АРНО, GreenIT постојано ја надоградува својата апликација.

Тимот моментално работи на воведување дополнителни функционалности во апликацијата, и овој пат има за цел да ги мотивира компаниите да бидат активен дел од промената заедно со своите вработени.

Апликацијата е достапна бесплатно на Google Play Store и АppStore.

Tags: ChallengerГугл плеј
Next Post

„Шеќерни луѓе” на Диневски во официјална селекција на повеќе филмски фестивали

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk