ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Северна Македонија е пример во регионот во однос на борбата со трговија со луѓе

June 16, 2023 21:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: МТСП

Фото: МТСП

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоизбраната генерална директорка на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) Ејми Е. Поуп, која е првата жена директорка на ИОМ.

Како што информира МТСП, Меѓународната организација за миграција е водечка меѓународна организација во областа на миграцијата и е посветена на принципот дека хуманата и уредна миграција е од корист за мигрантите и општеството.

На средбата, како што се наведува во соопштението, се разговараше за областите во кои соработува Министерството за труд и социјална политика и Меѓународната организација за миграција со фокус на внатрешна и надворешна миграција, трговија со луѓе и родова еднаквост.

Тренчевска истакна дека од неодамна е објавен извештајот за трговија со луѓе на Стејт Департментот, каде се истакнува доброто справување на државата со предизвикот со трговија со луѓе. Министерката ја посочи соработката меѓу институциите и креирањето на Оперативни тимови во состав со претставници на ИОМ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и невладиниот сектор кои работат на заштита и превенција од трговија со луѓе. Тренчевска исто така го истакна и зајакнувањето на капацитетите на вработените во институциите во однос на предизвикот.

– Отворена беше и темата за работната сила на пазарот на трудот во државата, како и за тоа на кој начин може да се оствари соработка за насочување на регуларните мигранти кон приклучување на пазарот на трудот, стои во соопштението.

Според директорката на ИОМ, ваквото насочување на мигрантите со прилагодување на законските регулативи може да ги задоволи потребите од побарувачката на пазарот на трудот, а при тоа да се почитуваат основните човекови и работнички права.

На крајот од состанокот директорката на ИОМ Поуп се осврна и на прашањето за родовата еднаквост и ја нарече министерката Тренчевска, како што се наведува, шампион во регионот во борба за родовата еднаквост. Разговорот беше со фокус на спроведената кампања во март „Гласна и храбра“ за промовирање на родовата еднаквост, ментално здравје и економско зајакнување на жените, но и потребата за продолжување на ваквите активности.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Министерот Алиу на Преспа форум дијалог: Технологијата и дигитализацијата нудат и испорачуваат вредности во сите аспекти од нашиот живот

НАЈНОВО

Зоран Божиновски исклучен од ЗНМ за сериозни етички повреди и родово базирано вознемирување

October 3, 2025

Вестминстерска алијанса за Украина: Дебата во Рим за идентификување конкретни предлози за улогата на „Коалицијата на волните“

October 3, 2025

Едно лице загина во хеликоптерска несреќа во Сиднеј

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk