ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Давидовски по страотниот инцидент: Само го пуштив воланот…

June 20, 2023 12:22
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Виктор Давидовски имаше борбено издание во првата од двете трки кои се возеа на Хунгароринг овој викенд, а се бодуваат за ТЦР Светската серија и за првенството на ТЦР Европа.

Откако во првата трка беше пласиран на четврто место, по голем дуел со Италијанецот Чекон, македонскиот автомобилист за втората трка информираше дека имал подобрен сет-ап на возилото и очекувал да биде уште поконкурентен, но беше инволвиран во инцидентот кој се случи на патеката.

Урутија беше казнет за предизвикување на судирот, по што Борковиќ и Михелис се извртеа на патеката.

– Кога го видов Михелис пред мене се обидов од петни жили да избегнам да го удрам, или барем да не го удрам во пределот на вратата за да не му нанесам повреда. Мислам дека успеав во тоа, но сепак неговиот автомобил ме поткачи и ми го скрши тркалото. Тоа беше силен удар, а јас силно сопирав за да застанам, по што знаев дека ќе има карамбол и дека другите возачи зад мене нема да ме видат во облакот од прав. Потоа, само го пуштив воланот и се обидов да се заштитам.

Тимот од Белгија во моментов работи на скенирањето на штетата, при што главната грижа е потребата од менување на шасијата.

– Можам само да жалам бидејќи уште еднаш оваа сезона бев спречен од малерозни околности да го дадам својот максимум. Во Португалија бев удрен, во Франција ми пукна гума. Имавме солидно унапредување на штелувањето на возилото и тоа се покажа со освојувањето на второто место во трката за ТЦР Светската серија од страна на тимскиот колега Хаф, како и победата на тимскиот колега Паувелс во ТЦР Европа. Моја цел е да ги соберам потребните бодови за да можам да учествувам на завршниот настан, таканареченото „финале на сезоната“ во Џеда, Саудиска Арабија, а притоа да ги повторам минатогодишните успеси во ТЦР Европа,- вели Давидовски.

На табелата во ТЦР Европа сега Давидовски е на петтата позиција со 159 бода. Петтиот гран при викенд се вози на патеката „Пол Рикар“ во Франција, каде што ќе има две трки на 22 и 23 јули, а Давидовски минатата година таму ја славеше првата победа во европското првенство.

Tags: Давидовскиинцидент
Next Post

Ковачевски: Радев повеќе да се занимава со реформите во неговата држава

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

November 15, 2025
Фото: Фронтлајн / Ј. Ѓорѓиоски

(ФОТО и ВИДЕО) Илјадници скопјани на Маршот за ангелите со поддршка за родителите на загинатите во Кочани

November 15, 2025
Фото: Скриншот, видео јутјуб

Контроверзната книга за синот на норвешката принцезата останува во продажба

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk