ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Аплицирајте за субвенции по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади

June 21, 2023 08:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади.

Како корисници на овие субвенции се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 ха одржлива површина со постоечки овошни насади збирно за следните овошни видови: јаболка, слива, праска, круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина, боровинка, диња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем, лешник, орев и питом костен и се регистрирани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства.

Минимален број на овошки- садници по хектар прифатлив за секој овошен вид одделно е даден во табелата за минимален број на овошки-садници во Прилог 5, дел од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 1.8. за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, односно за подмерката 1.11.

Право на аплицирање за дополнителните плаќања имаат земјоделските стопанства, корисници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, за одржување на постоечки јаболкови насади и оствареното производство на јаболка за период од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 година, кои го имаат предадено и го предаваат директно, или преку еден регистриран откупувач, кај регистрирани преработувачки капацитети, или кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи-овошје. Висината на доплнителните директни плаќања изнесува 3 денари по килограм.

МЗШВ ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјдоелците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

Tags: обработлива земјоделска површинасубвенции
Next Post

Ќучук во посета на македонското Собрание

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk