Седумгодишник застрела и уби петгодишно дете во дом во источен Кентаки.
Прелиминарната истрага покажа дека пукањето во понеделникот вечерта во домот во Меки било несреќен случај, соопшти денеска државната полиција на Кентаки.
Преземени се мерки за спасување, но судскиот вештак во округот Џексон констатирал смрт на детето на местото на настанот. Според полицијата, истрагата продолжува, а засега не се соопштуваат имињата на инволвираните во инцидентот.
Досега оваа година имало повеќе од 150 ненамерни пукања од деца во САД, што резултирало со најмалку 58 смртни случаи и 101 повреден.
Кентаки нема закон со кој се наметнуваат казни за оние кои нема да обезбедат или оставаат огнено оружје без надзор. Меѓутоа, државата забранува секому „намерно, свесно или непромислено“ да му дава пиштол на малолетно лице, освен ако малолетникот е законски овластен да поседува пиштол.