ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Со санација на делницата Младо Нагоричане – Куманово, ги поврзуваме малите места со градовите, инвестираме во локалниот развој

June 23, 2023 17:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска се сретна со жителите на Општина Нагоричане, каде е реконструирана патната делница Младо Нагоричане - Куманово.Фото:Влада.мк

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска се сретна со жителите на Општина Нагоричане, каде е реконструирана патната делница Младо Нагоричане - Куманово.Фото:Влада.мк

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со жителите на Општина Нагоричане, каде е реконструирана патната делница Младо Нагоричане – Куманово.

Заедно со премиерот Ковачевски присутни беа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, директорот на Јавното претпријатие Македонија Пат, Костадин Ацевски, како и заменик-градоначалникот на Старо Нагоричане, Бобан Цветановски.

Станува збор за надградба и поправка на патната делница Младо Нагоричане – Куманово. Инвеститор на делницата е Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач Јавното претпријатие Македонија Пат.

„Надградбата и санацијата на овој патен правец во должина од над три километри е инвестиција од над 292 илјади евра. Ги поврзавме жителите од околните места, како што го направивме тоа и со санацијата на патната делница Куманово – Старо Нагоричане во должина од три километри, во вредност од близу 570 илјади евра. Со овие инвестиции го заживуваме овој регион. Граѓаните нема веќе да патуваат небезбедно и подолго по делници стари со децении. Животот и секојдневието ќе им се олесни и ќе имаат побезбедно патување“, истакна премиерот Ковачевски за патната делница Младо Нагоричане – Куманово.

Притоа, премиерот Ковачевски го посочи и магистралниот пат Куманово – Страцин, инвестиција вредна 12 милиони евра, којашто е важен дел од Коридорот 8.

Оваа патна делница, како што нагласи премиерот, се рехабилитира за прв пат после повеќе од 32 години.

Премиерот Ковачевски додаде дека Владата се грижи за навремена и квалитетна изработка на модерни патишта како на регионално така и на локално ниво, што е и причината зошто денеска е во посета на овој регион со цел да разговара со жителите од овој крај за да ги слушне нивните мислења за сработеното.

Нагласувајќи ги инвестициите во различни сфери, премиерот рече дека Владата реализира капитални инфраструктурни проекти во патната инфраструктура.

Тој порача дека Владата секогаш ќе остане партнер на граѓаните, без разлика дали доаѓаат од урбаните или од руралните општини во државата.

Премиерот Ковачевски на средбата со жителите посочи дека ваквите инвестиции се важни не само за подобро поврзување со околните градови, туку и за локалниот развој.

На средбата со жителите од Младо Нагоричане се разговараше и за другите инфраструктурни проекти во овој регион.

Next Post

Илхан Ќучук: Уставните измени ќе се најдат во македонското Собрание во рок од две недели

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk