Американскиот фудбалски прволигаш Интер од Мајами објави синоќа дека го ангажирал аргентинскиот стратег Херардо „Тата“ Мартино за нов тренер.
Со назначувањето на тренерската клупа во Интер, 60-годишниот Мартино повторно ќе соработува со својот сонародник Лионел Меси, кого веќе го тренираше во Барселона и во аргентинската репрезентација.
Мартино доаѓа во клубот од Мајами на местото на поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Манчестер јунајтед, Фил Невил, кој беше отпуштени пред четири недели.
За „Тата“ Мартино ова ќе биде втор ангажман во американската МЛС лига во која ја предводеше Атланта во сезоната 2017/2018 и беше избран за тренер на годината.