ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Коалиција „Менуваме“ бара реверзибилна инклузија и агенција за образовни асистенти за деца со попреченост

June 30, 2023 15:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реверзибилна инклузија и агенција за образовни асистенти за деца со попреченост се предложените мерките од страна на Коалицијата „Менуваме“ за кои, како што информира Суаред Алишан, било разговарано на денешната средба со Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во просториите на МОН.

-Поднесовме предлог нацрт-план прво до УНИЦЕФ, каде што побаравме нивно изјаснување во однос на реверзибилна инклузија, истакна Алишан и појасни дека под реверзибилната инклузија се подразбира постоечките училишта кои што работат со деца со попреченост да останат и понатаму во тој работен однос со проширување на нивните капацитети, со цел и тие да учат со останатите деца, бидејќи програмата за сите е иста.

Алишан, исто така, посочи дека добиле големо разбирање од министерот и дека ќе ја прошират програмата и ќе ја достават во најбрзо време.

-Овој предлог го доставуваме и до Европската делегација и до комитетот за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, каде што бараме и нивно изјаснување, рече Алишан.

Тој нагласи дека второто барање се однесува на образовните асистенти кои што ги користат децата со попреченост во образованието. Коалиција „Менуваме“ бара тие асистенти да не бидат под ресурсните центри, туку да бидат под национална агенција за образовни асистенти од каде што ќе можат најдобро да ја детектираат состојбата и да се надградува самата агенција согласно демографската потреба.

-Досегашните асистенти не ја задоволуваа потребата кај децата бидејќи се случуваше еден асистент да работи со три деца и истовремено да не успее да ја задоволи потребата на децата, со што повторно тие и нивните родители остануваа сами на себе, додаде Алишан.

На прашањето дали има некакви гаранции дека бројот на образовни асистенти ќе порасне за следнава школска година, со оглед на тоа што тој број оваа година е зголемен во однос на минатата, Алишан истакна дека за тоа не добиле одговор, и нагласи дека за да се зголеми бројот потребно е Меѓународна класификација на функционалност (МКФ) да работи навремено.

-МКФ не може во текот на целата година да ги стави овие лица да чекаат и кога ќе дојде време тие да го поднесат документот за дозвола за асистент, МКФ да не им го овозможи тоа, рече Алишан и додаде дека потребно е МКФ да ги зајакне службите и начинот на закажување за проценување на функционалност на децата со попреченост да не биде директно преку нив, туку преку мој термин, со што лицето ќе си го оствари правото на решение за асистент.

Коалицијата „Менуваме“ на 12 јуни годинава одржа прес-конференција пред Собрание на која ги поздравува предлог законските измени во Собранието и побара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот.

Tags: деца со попреченостКоалиција „Менуваме“реверзибилна инклузија
Next Post

Макрон го напушти Самитот во Брисел и замина на итен состанок во Париз поради немирите

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk