ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Унгарката Енико Есењи годинашен лауреат на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа 2023“

June 30, 2023 16:28
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Унгарската актерка Енико Есењи е годинашниот добитник на наградата за животно дело „Актер на Европа – 2023“ на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа.

Фестивалот делува од 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Препанското Езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија. Фестивалот годинава, ќе го има своето 21 издание, со почеток на 6 јули 2023 пред „Сарајот“ во Ресен.

Манифестацијата ќе почне со ретроспектива на легендарните имиња на европскиот театар, досегашни добитници на наградата за животно дело „Актер на Европа“. Првото легендарно име на европскиот театар кое ја понесе оваа награда беше Љуба Тадиќ од Белград. Меѓу наградените се Јон Карамитру (Романија), Милена Зупанчич (Словенија), Ана Патресон (Шведска), Марсел Бозоне (Франција), Раде Шербеџија (Хрватска), Брус Мејерс (Велика Британија) итн.

За годинашната добитничка Енико Есењи ќе биде прикажан уметнички портрет со сите нејзини театарски и филмски креации.

На свеченото отворање, како што е најавено, ќе се обратат градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски, претседателот на жирито Мето Јовановски, а беседата за лауреатот ќе ја произнесе претседателот на фестивалот Јордан Плевнеш. На истата церемионија признанието „Клучевите на Преспа“ ќе го добие Ласко Џуровски, познат дизајнаер и типограф од нашата држава.

Традиционалната Голема повелба „Балканот – Срцето на Европа“ оваа година ќе ја понесат грчкиот актер Аргирис Гаканис, македонскиот книжевен автор и теоретичар Зоран Пејковски и албанскиот новинар и книжевен критичар Бен Андони.

Во официјалната конкуренција на фестивалот оваа година се oстварувањата:„Разоткривање на минатото – Комуникација во и за Холокаустот“ – авторски проект на Брајан Мајкалс и Кане Кампман (Проект на Градот Келн, СР Германија, „Последниот час на Његош“ од Слободан Маруновиќ, Црна Гора. Исто така „Во името на таткото“ од Шавајцарија, во изведба на Даут Ахмети, во режија на Сулејман Рушити, како и „Среќата е нова идеја во Европа“ по текст на Јордан Плевнеш, во изведба на меѓународна актерска и авторска екипа од Албанија, Црна Гора, Србија, БиХ и Северна Македонија, како дел од проектот „Балканска уметничка мрежа за мобилност“ на Академија Балканика Еуропеана, којшто се реализира со поддршка на УНЕСКО, под менторство и режија на Дејан Пројковски и Јордан Плевнеш.

Завршната вечер на фестивалот, на 11 јули, покрај доделувањето на наградите, ќе ја одбележи и претставта „Чучук Стана“ во изведба на Народниот театар „Зоран Радмиловиќ“ од Зајечар, Србија.

Претставите ќе ги оценува жирито во состав: Мето Јовановски – претседател, Елена Трајковска и Назиф Услу, театрски режисер од Турција.

Покрај претставите во официјална конкуренција во рамки на фестивалот ќе настапат и аматрските групи „Самоилци“ од Ресен, со претставата „Бунда“, по текст на Миле Волкановски, како и „Младинскиот сатиричен театар“ од Славонски Брод со претставата „Беспомошни створења“, по текст на Антон Чехов.

Tags: Енико ЕсењиРесенфестивал
Next Post
Фото: КФСМ

У18: Македонските кошаркарки поразени на стартот на ЕП во Софија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk