ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џелал Хоџиќ: Геноцидот во Сребреница е факт, негирањето е неприфатливо

July 12, 2023 09:32
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, на Комеморативната седница за жртвите од геноцидот во Сребреница, во својот говор во македонското Собрание, рече дека „геноцидот е факт а негирањето на геноцидот е неприфатливо“.

Секој ден се сеќаваме, ниту еден ден не забораваме, нагласи Хоџиќ.

„Геноцидот во Сребреница е факт. Негирањето на геноцидот е неприфатливо во едно демократско општество и претставува антицивилизациски чин. Геноцидот во Сребреница беше потврден со судска пресуда на меѓународниот суд во Хаг, како единствен геноцид на европско тло по Втората светска војна.

Денеска сме сведоци на уште една војна во Европа, на руската агресија врз Украина. Да Ве потсетам, пред неколку години Велика Британија поднесе предлог резолуција за најостра осуда на геноцидот во Сребреница, во Обединети нации, а Русија вложи вето на таа предлог резолуција. Неколку години подоцна Русија врши страшна агресија врз Украина. После војната веројатно ќе се утврдува дали е направен уште еден геноцид на тлото на Европа, а цивилизацијата одамна даде завет “Никогаш повеќе!“.

Европскиот парламент го прогласи 11 јули за ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. На 4 февруари 2010 година, Собранието на Северна Македонија усвои декларација за поддршка на Резолуцијата за сребреница на Европскиот парламент. Декларацијата го осудува геноцидот над повеќе од 8000 Бошњаци од овој босански град.

Геноцидот во Сребреница е дел од институционалната меморија на ЕУ, САД, Канада, Велика Британија, Германија… на сите држави каде демократските вредности и почитувањето на човековите права е составен дел од нивните системи. Лани, со едногласни резолуции за осуди на геноцидот се случија во парламентите на Австрија и Албанија.

Сакам уште еднаш да се заблагодарам на претседателот на Собранието, што овозможува и овде во македонското Собрание на достоинствен начин да се сеќаваме на жртвите на геноцидот во Сребреница.

Денес можете да слушнете изјави од сите демократски држави, како сеќавањето на геноцидот во Сребреница е наша заедничка должност. Некој од претходните говорници рече дека Бошњаците ја имаат најголемата болка. Сепак, Сребреница денес е совеста на светот! Светот кој пред 28 години потфрли и дозволи да се случи геноцид, како најголемо воено злосторство во Европа, после Втората светска војна. Убиството на над осум илјади Бошњаци, мажи и деца, е колективен неуспех на целиот демократски свет, што не смее никогаш да го заборавиме. Сребреница е совеста на светот.

Зошто е важно сеќавањето на жртвите од геноцидот на Сребреница да биде институционализирано?

Па уште постојат радикални иделогии и деструктивни политики, кои го негираат геноцидот. Негирањето на геноцидот е последна фаза на самиот геноцид. Оние кои го негираат геноцидот даваат свој труд во злосторството кое го смислиле и реализирале најболните умови“, истакна Хоџиќ во говорот во македонското Собрание.

Tags: геноцид во СребреницаСДА МакедонијаЏелал Хоџиќ
Next Post

Зелените коридори на ЦЕФТА и Транспортната заедница кон ЕУ одбележуваат една година од имплементацијата

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk