ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонската премиера на „М“ на Вардан Тозија вечер го отвора „Синедејс“

July 13, 2023 08:53
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Македонската премира на долгометражниот игран филм на Вардан Тозија – „М“, вечер во паркот на МКЦ во Скопје ќе го отвори 22. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Во шесте фестивалски денови, од 13 до 18 јули, под слоганот „Муви најт“ ќе може да се погледнат повеќе од 40 филмски наслови од најновата европска филмска продукција, кратки филмови, ќе присуствуваат над 50 гости, ќе има три музички настани, а ќе се одржат и седум работилници. Новитет оваа година е Жирито на филмската критика, со очекување следната година да биде официјално акредитирано ФИПРЕСЦИ жири.

Наредниот вторник, на 18 јули фестивалот ќе го затвори премиерата на уште еден македонски филм – „Бизнисот на задоволството“ во режија на Гоце Цветановски.

Маргарита Арсова, програмски координатор на Синедејс, на најваната прес – конференција нагласи дека иако годинава е со исклучително намален буџет, Програмата и на овој CINEDAYS е ремек-дело со филмска програма, која повторно, вели, директно ја увезуваме од Кан, како први од сите фестивали во Европа.

-Она што е обединувачко за ова издание на фестивалот е компактната програма во која ќе погледнеме наслови на Вим Вендерс, Кен Лоуч, Нани Морети, Аки Каурисмаки, Франсоа Озон, Александар Сокуров… Новиот филм на Горан Столевски, а имаме и пет премиери на македонски кратки филмови. Поради буџетските рестрикции програмата е тесно селектирана на сметка на квантитетот за да извадиме што подобар квалитет, истакна меѓу другото Арсова.

Програмата ќе може да се проследи на две локации – во МКЦ и тоа во Кино Фросина, во МКЦ – паркот и во Џебното кино, како и во Кинотеката со проекции на отворено и на затворено.

На 22-то издание на Синедејс најавени се мастерклас на Митко Панов и прикажување на филмот „Сведок“, како и дополнителни два мастеркласа, на Јуре Матичич, програмски раководител на „Местни кино Домжале“ Словенија и гуруто за презентација и ‘пакување на филмови Габриеле Бруненмајер, која работи како независен консултант за Мидпоинт институтот.

Од работилниците – првата е именувана како „Self-Tape и онлајн-кастинг во дигиталната ера“, а ќе ја држи Луси Ленокс, наградувана кастинг-директорка. Втората работилница е „Основи на филмскиот јазик“, наменета за деца до 15 години, која ќе ја води Саша Станишиќ, дипломиран филмски и тв-режисер.

Во рамки на музичката програма на фестивалот предвидени се концерт на скопскиот бенд Културно-уметнички работници, кој неодамна го издаде својот седми албум, потоа Педро Кастиљо и белградскиот експериментален бенд Визељ.

Билетите за Синедејс ќе бидат по цена од 200 денари, за сите филмови.

Фестивалот е поддржан од Кинотека на Македонија, Публицис, ЕУ за ТЕБЕ, Гете институт, Агенцијата за филм на РСМ и неколку компании.

Tags: Вардан ТозијаМ
Next Post

Николоски на средби во ММФ – Посветени сме на обезбедување фискална одржливост, стабилни јавни финансии и долгорочен раст

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk