Со цел да го зачуваме економскиот стандард на граѓаните, но и здравата животна средина како пратеници од владејачкото мнозинство, поднесовме амандман на Предлог на Законот за данок на додадена вредност со кој во членот 11 ставот 5 се брише, изјави на прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.
Поточно, со таквиот амандман се предлага стапката на ДДВ за пелети за домаќинства да остане на 5 отсто и да не се зголемува.
„Сметаме дека греењето на пелети има позитивно влијание во намалување на домаќинствата што се греат на огревно дрво, а со тоа и намалување на аерозагадувањето, заштита на животната средина и заштита на шумскиот фонд на државата.
Го слушаме гласот на граѓаните, продолжуваме да работиме во нивен интерес и да носиме мерки и решенија што го унапредуваат квалитетот на живот на секој поединец“, порача тој.