ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Утврден потесниот избор од 5 книги за наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

July 25, 2023 09:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Жири- комисијата за наградата „Браќа Миладиновци“ ја утврди  заедничката листа на потесен избор од пет  книги, од кои ќе се избере добитникот на наградата.

Согласно, Правилникиот за наградата „Браќа Миладиновци“, членовите на Жири-комисијата работеа во две фази: поединечна и заедничка. Во поединечната фаза, секој член на Жири-комисијата работеше самостојно, без да ги знае останатите членови и изготви негов личен потесен избор од пет книги кои ги рангираше од прво до петто место.

Откако индивидуалните избори на секој член од Жири-комисијата беа доставени до дирекцијата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, беше свикан заеднички состанок на кој членовите на Жири-комисија почнуваат со заедничка работа утврдуваат заеднички избор од пет книги  според бројот на гласови кои одделните книги ги добиле при поединечните избори на Жири- Комисијата и според гласањето на мнозинството на комисијата

Врз основа на индивидуалните избори, беше направен заеднички избор од пет наслови. Редоследот на книгите во заедничкиот избор не одразува фаворизирање на насловите туку е направен по азбучен ред, според презимињата на авторите. Утврдени се следните пет книги:

  1. Башевски Димитар – „Дни, години“, Слово
  2. Коцев Јосип – „Две мориња“, Антолог
  3. Михаилова Бошнакоска Гордана – „Мед и младост“, Макавеј
  4. Трајковски Дејан – „Филмски песни“, Бата прес милениум
  5. Ќулавкова Катица – „На врв на јазикoт“, Арс Либрис

Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“   за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик, што ја доделува  НУМ „Струшки вечери на поезијата“ ќе биде прогласен на 28.07.2023 г. (петок) на прес-конференција со почеток во 10 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје. На прес-конференцијата ќе присуствуваат членовите на Жири-комисијата, а ќе бидат поканети и авторите од потесниот избор.

На Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ кој беше распишан од 31 мај до 25 јуни, пристигнаа вкупно 35 наслови. НУМ „Струшки вечери на поезијата“ им се заблагодарува на сите автори и издавачи што конкурираа за наградата. Во продолжение е списокот на сите пристигнати книги:

  1. Милчо Мисоски – „Ефемиди“, издавач „Индиго хаб“
  2. Гордана Каракашевска – „Патот на водата“, издавач „Современост“
  3. Христина Илиоска – „Разговор со месечината“, издавач „Дата песнопој“
  4. Оливера Јовановска – „Слушни го срцето“, издавач Македонско литературно друштво „Григор Прличев“
  5. Јосип Коцев – „Две мориња“, издавач „Антолог“
  6. Маја Мојсова – „Набљудувај небо“, издавач ЗПРКДУ„Креативна верига“
  7. Станоеска Благица – „Светла милокрвност“, издавач Здружение за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН
  8. Даим Мифтари – „Куќа што танцува“, издавач ЗРУМ „ПЕРУН АРТИСТ“
  9. Јулијана Младеновска-Тешија – „Куќа“, издавач „ТРИ“
  10. Наташа Сарџоска – „Часови по измама“, издавач „ТРИ“
  11. Виолета Танчева-Златева – „Глуво време“, издавач ТРИ“
  12. Борче Панов – „Анатомија на небото“, издавач„Индиго хаб“
  13. Гордана Михаилова Бошнакоска – „Мед и младост“, издавач „МАКАВЕЈ“
  14. Христо Петрески – „Човек,врата“, издавач МАКАВЕЈ“
  15. Дејан Трајкоски – „Филмски песни“, издавач „Бата прес милениум“
  16. Димитар Башевски -„Дни,години“, издавач „Слово“
  17. Васко Марковски – „Скопски улици“, издавач “Бегемот“
  18. Тони Манџуковски-Манџук – „21г. ® “…збирка стихови откорнати од душата…. ,издавач „ВИНСЕНТ ГРАФИКА“
  19. Александра Спасеска – „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“, издавач „ПНВ Публикации“
  20. Снежана Стојчевска – „Празно место“, издавач Современост
  21. Ива Дамјановски – „300 ветрила“, издавач Темплум
  22. Моника Стојановска – „Има и такви денови“, издавач Конгресен сервисен центар- подружница ПОЛИЦА
  23. Маријана Митревска Македонска – „Дневникот на Мери Ен“, издавач ПЕСНОПОЈ
  24. Ѓоре Ѓелев – „Тежината на вториот чекор“, издавач МАКЕДОНИКА литера
  25. Сашо Огненовски – „Други далечини“, издавач ПНВ Публикации
  26. Дејан Крстески – „Утрото по крајот на светот“, самостојно издание
  27. Павлина Атанасова – „Карпа во морето“, издавач ПНВ Публикации
  28. Марија Велинова – „ Омарнина што омалаксува“, издавач ПНВ Публикации
  29. Перица Сарџоски – „Огнен пој“, издавач ПНВ Публикации
  30. Братислав Ташковски – „За сите времиња“, издавач ПНВ Публикации
  31. Трајче Кацаров – „Поезија на маслата за ручање“, издавач Матица Македонска
  32. Јовица Ивановски – „Живот на меѓукат“, самостојно издание
  33. Ана Голејшка Џикова – „Слобода А“, издавач ПНВ Публикации
  34. Тихомир Јанчовски – „Ден Година“, самостојно издание
  35. Катица Ќулавкова – „На врв на јазикoт“, издавач Арс Либрис

 

Tags: „Браќа Миладиновци“наградаСВП
Next Post

Приведен скопјанец, кај него пронајдени пиштол и муниција

НАЈНОВО

МИА

Николоски: Брза пруга до Солун, олеснување на постапката за изградба на хотели се дел од проектите за развивање на туризмот по Коридорот 10 или автопатот Е 75

November 12, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски: Потпишана спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје, од независноста досега Банката инвестирала над 1,6 милијарди евра во клучни сектори

November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ почнува на 19 ноември во Идризово

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата во тишина, европските фондови во блокада – ИПАРД 3 заглавен, земјоделците казнети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалување на буџетот: За ретките болести се планираат 17,5 милиони евра, а потребни се повеќе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коцевски: Предметот за пожарот во „Пулс“ ќе го застапуваат 15 обвинители

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk