Повеќе од 50 пилот-китови угинаа откако се насукаа на плажа во Западна Австралија, соопштија денеска официјални лица.
Морски експерти и волонтери кампуваа во текот на ноќта на плажа оддалечена околу 450 километри југоисточно од Перт, Западна Австралија, откако китовите беа пронајдени насукани во близина на плажата.
„За жал, 51 кит угинаа во текот на ноќта по масовно насукување“, соопшти Службата за паркови и диви животни на Западна Австралија. Како што наведе, заедно со регистрираните доброволци и други организации, во текот на денот се обидува да ги врати во подлабоките води останатите 46 китови.
Пилот китовите се познати по своите силни социјални односи, па кога некој ќе се најде во неволја и ќе се насука, другите обично ги следат, тврдат поморските експерти.