ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Летна вечер со живописната италијанска музика на „Охридско лето“

Концертниот рецитал беше во знакот на добро познатите изблици на италијанската вокална уметност – оперски арии и наполитански песни, овој пат во изведба на тенорот Џани Лечезе, а во пијано придружба на Екланд Хаса

August 4, 2023 19:55
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Рацин.мк

Фото: Рацин.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Александар Трајковски

Традиционалната Италијанска вечер на фестивалот „Охридско лето“, која секоја година е организирана со поддршка на Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија, годинава се одржа на големиот национален празник Илинден. Симболиката на оваа вечер, беше уште поголема заради тоа што во годината на државното одбележување на 120-годишнината од Илинденското востание, се одбележуваат и триесет години од воспоставувањето на македонско-италијанските дипломатски односи.

По поздравниот говор на директорката на фестивалот Наташа Поповиќ, која ја истакна поддршката што „Охридско лето“ ја добива од страна на дипломатските претставништва во земјава, во духот на празничната атмосфера, присутните ги поздрави и амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, кој помеѓу другото, ја подвлече реализацијата на повеќе активности кои Амбасадата ги реализира на полето на културата.

Најадекватниот начин звуковно да се илустрира Италијанската вечер, секако е вокалната музика, како едно од главните тежишта на италијанската музичка култура, воопшто. Уште од времето на Арс новата во 14 век и тогашните мадригали и балади, па ренесансата, појавата на операта и нејзините најголеми достигнувања…

Сето тоа ја профилира италијанската музичка култура, позиционирајќи го во преден план, човековиот глас. Токму затоа, продолжувајќи го повеќегодишниот континуитет, воопшто не изненадува програмската определба и на овогодинешната Италијанска вечер. Имено, концертниот рецитал, кој се одржа под сводовите на црквата „Света Софија“, беше во знакот на добро познатите изблици на италијанската вокална уметност – оперски арии и наполитански песни, овој пат во изведба на тенорот Џани Лечезе, а во пијано придружба на Екланд Хаса.

Она што беше особено воочливо во текот на рециталот, а што, само ги потврдува сознанијата од претходните слични искуства, е дека публиката, неизмерно многу ја сака и почитува италијанската вокална уметност. Програмската концепција изградена со познати мелодии, секогаш го постигнува ефектот кај слушателите. Така беше и овој пат… Многубројните посетители, кои до последно место го исполнија гледалиштето на „Света Софија“, едноставно му беа препуштени на уживањето, вдахновено восприемајќи ги сите изведби. Тоа беше токму концерт за публика. Летно музичко доживување, во кое живописната италијанска музика, одѕвонуваше под фреските на прекрасниот црковен храм.

Со особено изразен драмски артизам, во најголема мера секогаш својствен за вокалните солисти, толкувачи на оперски ролји, италијанскиот тенор изведе две арии, маркантни претставници на оперскиот веризам – Пучиниевата „E lucvevan le stelle“ од операта „Тоска“ и Леонкаваловата „Vesti la giubba“ од „Палјачи“, портретирајќи ги трагичните судбини на ликовите на Каварадоси и Канио/Палјачо. Покрај пренесувањето на оперските крации на концертниот подиум, од перата на оперските мајстори, тенорот интерпретираше и две песни, „Меланхолија, нежна нимфа“ од Винченцо Белини и „Матината“ од Руџеро Леонкавало, своевремено напишана за големиот италијански уметник Енрико Карузо.

Останатиот дел од концертниот репертоар, Џани Лечезе го проткаја со богат избор од ризницата на наполитанските канцони и романси, но и популарната филмска музика. Така, имавме можност да ги слушаме интерпретативните креации на потписите на италијанските композитори Франческо Паоло Тости, Салваторе Кардило, Едуардо ди Капуа, Никола де Џиоса и Нино Рота, зачинети со една композиција на шпанскиот автор Хозе Мариа Лакале. Со прилична доза на носталгија и доловување на сензибилитетот на овој специфичен мелос, на задоволство на публиката, Лечезе ги изведе „Марекјаре“, „Кораладо“, „А вучела“ („Мала уста“), „Последна песна“, „Амапола“, предизвикувајќи најголем ефект, со главната тема од филмот „Кум“, „Коренграто“ и секако, мегапопуларната „О соле мио“. Со својот волумен, особено изразен во високите регистри и константното движење во форте динамиката, произведе извесна драматика, која ја надополни со сценска подвижност и непосреден контакт со публиката, наместа дозволувајќи си отповеќе слобода во ритмиката, но и во интерпретирањето на мелодиските линии. Изведбите на Џани Лечезе ги придружуваше пијанистот Екланд Хаса, кој воедно, во инструменталните интермеца, сместени помеѓу вокалните настапи, се претстави и со солистички перформанси од Пучини и Маскањи.

На крајот, убаво беше да се види задоволството од разновидната, широка публика, која уште еднаш ја потврди констатацијата дека многу ужива во слушањето на популарната италијанска музика.

Извор: РАЦИН

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Охридско лето“Џани Лечезе

НАЈНОВО

Судирот меѓу Иран и Израел не води кон регионална, туку кон глобална војна, истакна Туск

June 14, 2025
Мицкоски и Љупчо Георгиевски

ВМРО Народна партија: Судската пресуда за Љупчо Георгиевски е длабоко недемократски чин

June 14, 2025
Фото: Влада

Мицкоски: ВМРО ДПМНЕ ги објави кандидатите за градоначалници за 33 општини

June 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk