Јапонското Министерство за одбрана денеска соопшти дека активирало борбени авиони за да придружуваат два кинески бомбардери, што летале меѓу островите Окинава и Мијако, пренесуваат британските медиуми.
Кинески борбени авиони „Х-6“ биле забележани како летаат низ теснецот меѓу југозападните јапонски острови Окинава и Мијако, соопшти Министерството.
Една од најголемите американски воени бази во Азиско-пацифичкиот регион се наоѓа токму на островот Окинава.