ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Нигер одобри војници на Мали и Буркина Фасо да интервенираат на нејзина територија доколку земјата биде нападната

August 25, 2023 09:22
in ДЕНЕС, СВЕТ
BBC News

BBC News

Share on FacebookShare on Twitter

Нигер им даде овластувања на вооружените сили на Мали и Буркина Фасо да интервенираат на нејзина територија во случај на напад врз земјата, јавија британските медиуми, повикувајќи се на заедничка изјава на трите африкански земји.

Ова се оценува како можен знак дека нигерската хунта планира да продолжи да се спротивставува на регионалниот притисок за повлекување.

Економската заедница на западноафриканските држави-ЕКОВАС (ECOWAS) се обидува да преговара со лидерите на пучот, но предупреди дека е подготвена да испрати војници во Нигер за да го врати уставниот поредок доколку дипломатските напори не успеат.

Секоја ескалација на кризата ризикува дополнително да го дестабилизира регионот разурнат од бунтовниците, бидејќи соседите на Нигер, Мали и Буркина Фасо јасно соопштија дека ќе го поддржат Нигер во секој потенцијален конфликт со ЕКОВАС.

Министрите за надворешни работи на трите земји објавија дека се сретнале во главниот град на Нигер, Ниамеј, за да разговараат за зајакнување на безбедносната соработка и други заеднички прашања.

Во соопштението се наведува дека шефовите на дипломатиите го поздравиле вчерашното потпишување на две наредби од страна на лидерот на нигерската хунта, генерал Абдурахман Чиани, „со кои се овластуваат одбранбените и безбедносните сили на Буркина Фасо и Мали да интервенираат на територијата на Нигер во случај на напад“.

„Министрите на Буркина Фасо и Мали… потврдија дека ја отфрлаат вооружената интервенција против народот на Нигер, што ќе се смета за објава на војна“, се додава во соопштението.

Tags: војнициНигеродобри
Next Post

Американската влада го тужи “Спејс Икс“ за дискриминација на бегалците

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk