ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Белгиската полиција спроведе акција против криминалот на Централната станица во Брисел

August 27, 2023 11:35
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Белга

Фото: Белга

Share on FacebookShare on Twitter

Бриселската полиција во текот на вчерашниот ден спроведе масовна акција за справување со криминалот и илегалната трговија со наркотици на Централната железничка станица во Брисел, при што се приведени над 30 лица, објави весникот „Соар“.

Во акцијата учествуваа околу 200 полицајци и службеници на имигрантската служба, кои вршеа контроли на присутните на станицата.

Според извештаите на локалните медиуми, покрај приведените осомничени криминалци од страна полицијата, дел од затекнатите лица на станицата се предени на имигрантската служба, а дел, пред се бездомници, се упатени во социјалните служби.

По полициската акција на терен излегоа екипи на комуналните претпријатија од општините Сен Жил и Андерлехт, кои ги отстранија оставените душеци, вреќи за спиење, шаторски крила, ќебиња и останатиот отпад.

Полициската акција уследи по отвореното писмо што го упатија станари на реонот околу станицата и апелот на директорката на белгиската железничка компанија СНЦБ, Софи Дутордоар, кои побараа од властите мерки против растот на криминалот и употребата на дроги и справување со „драматичната ситуација“ во тој дел на Брисел.

Според „Брисел Тајмс“, во текот на 2020 и 2021 година на самата станица и околу неа се регистрирани над 3.500 кривични дела, пред се кражби, а проблем претставува и продажбата на наркотици во реонот.

По јавните реакции на ваквите состојби на станицата, белгиската Федерална влада во петокот најави изработка на нови планови за „справување со несигурноста на станицата и подобрување на безбедноста на долг рок“.

Извор: МИА

Tags: белгиска полицијакриминал
Next Post

Премиерот Ковачевски на средба со дијаспората во Словенија: Нашата дијаспора придонесува за афирмација на Северна Македонија на различни полиња

НАЈНОВО

Фото: Герасимовски

Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот

October 23, 2025

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Скриншот

Израел им забранува слободен пристап на странските новинари во Газа и по прекинот на огнот

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk