Кина од 30 август нема да бара негативен тест за Ковид-19 од патниците кои доаѓаат во земјата, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.
Тоа е пресвртница кон ставање крај на ограничувањата воведени на почетокот на 2020 година поради пандемијата на коронавирус, наведуваат светските агенции.
Кина дури во декември минатата година ја прекина политиката „нулта ковид“, по строгите ограничувања кои понекогаш вклучуваа затворање на цели градови.