ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Свечено затворени Струшките вечери на поезијата

August 28, 2023 08:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вчеравечер беа врачени на Мостот на поезијата во Струга со што свечено се затвори 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

Награди им беа врачени на годинешниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски.

Вечерта се заокружи со интернационалното читање „Мостови“, на кое настапија бројни странски и домашни автори. Читањето беше прекинато поради дождот, меѓутоа за кратко време поетите се вратија на сцената.

На фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), кој годинава се одржува од 24 до 28 август  под мотото „Чувствотворен јазик“, настапија повеќе од 25 странски и 40 домашни поети од постарата, но и од помладата генерација.

– Поетот, во потрагата по вистински зборови за својата песна, од јазикот ги ослободува само оние кои резонираат со неговото срце. Вдахнувајќи ги зборовите со емоции, тој создава нов, чувствотворен јазик – рече актерката Софиа Насевска-Трифуновска на свечената манифестација.

Во рамки на програмата во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид се одржа поетски портрет на лауреатот на наградата „Златен Венец“, Влада Урошевиќ.

На истата локација се одржа и свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, чие чествување се одбележа и со изложба на фотографии поврзани со неговото учеството на „Струшките вечери на поезијата“ и неговиот придонес за основањето и развојот на фестивалот.

Во рамки на програмата на СВП беше организиран и специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „Версополис“.

По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, во рамки на прогрмата на СВП беше отворена изложба за животот и делото на овој унгарски поет.

Во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“, оваа година беше издадена Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и философ Иван Џепароски.

Денес е последниот фестивалски ден, кој ќе биде одбележан со „Поезија на пат“, поетско читање во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, а фестивалот официјално ќе заврши со Меѓународен поетски митинг на платотот пред Музејот на современа уметност во Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: затворањепоезијаСтрушки вечери

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk