Осум лица се прободени со нож, а стотици се уапсени по немирите што избија на карневалот во Нотинг Хил, западно од Лондон.
Во критична состојба е 29-годишно момче, кое синоќа по 21 часот беше прободено со нож, 19-годишно момче е во тешка, но стабилна состојба, додека останатите шест лица се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, пренесува „Скај Њуз“.
Тие се повредени во одвоени инциденти.
Во текот на двата дена на фестивалот, 275 лица беа уапсени поради голем број кривични дела, како што се сексуален напад, напад врз полиција и поседување дрога.
Заменик-помошникот на полицискиот комесар Аде Аделекан, која ја надгледуваше полициската операција, рече дека е жално што карневалот втора година по ред е обележан со сериозно насилство.
„Никој не го оспорува значењето на карневалот во културниот календар на Лондон и огромното мнозинство од тие кои дојдоа ќе имаат позитивни искуства. Сепак, не можеме да ги игнорираме прободите со нож, сексуалните напади и нападите врз полицајците што ги видовме. Ќе ги прегледаме настаните од претходните два дена и детално ќе разгледаме што можеби ќе треба да се промени во наредните години“, рече таа.
Според извештаите, околу два милиони луѓе се смета дека излегле на улиците на западен Лондон за време на карневалот.