Повеќе од 80 отсто од американските гласачи се загрижени за состојбата на демократијата во САД, покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот за двопартиска политика и агенцијата „Морнинг консалт“.
Според порталот „Хил“, дури 82 отсто од гласачите се изјасниле дека се загрижени за демократијата во САД, вклучително и 40 отсто кои се изјасниле дека се „многу загрижени“.
Во исто време, 59 отсто од Американците велат дека не веруваат дека Демократската и Републиканската партија се способни заедно да донесат закони во Конгресот.
Според истражувањето, дури 88 отсто од испитаниците ја навеле инфлацијата како најголема грижа, додека 84 отсто изјавиле дека тоа влијае на нивните потрошувачки и финансиски навики.
Околу 73 отсто од Американците се загрижени дека би можеле да ги загубат своите работни места поради развојот на вештачката интелигенција, додека 46 отсто од анкетираните изјавиле дека не се задоволни од зголемувањето на користењето и услугите на вештачката интелигенција.
Анкетата е спроведена од 21 до 24 август, а во неа учествувале 1.959 регистрирани гласачи.