ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајден по ураганот Идалија: Ниту еден интелигентен не може да се сомнева во климатските промени

September 3, 2023 11:14
in ДЕНЕС, СВЕТ

Американскиот претседател Џо Бајден вчера отпатува за Флорида за да го види степенот на штетата предизвикана од ураганот Идалија и да понуди поддршка за жртвите од невремето, но тој не се сретна со гувернерот Рон Де Сантис, потенцијалниот противник на претседателските избори.

Портпаролот на Де Сантис уште во петокот рече дека гувернерот не планира да се сретне со Бајден.

Американскиот претседател одржа брифинг со локалните власти во Лајв Оук, град кој беше силно погоден од ураганот, а доказ за тоа се многубројните дрвја кои паднаа врз домовите.

-Ниту еден интелигентен човек повеќе не може да се сомнева во климатските промени, рече Бајден.

Што се однесува до гувернерот Де Сантис, тој одговори дека не е разочаран од неговото отсуство.

-Тој можеби имаше други обврски, но ни помогна да се организираме со тоа што по состанокот со Федералната агенција за управување со вонредни состојби предложи кои места да се посетат, рече Бајден во изјавата за новинарите пред еден од оштетените домови.

Од друга страна, тој изрази задоволство од доаѓањето на поранешниот гувернер и актуелен републикански сенатор Рик Скот и покрај нивните несогласувања за бројни прашања.

Рон Де Сантис вчера беше во посета на места на брегот на Мексиканскиот Залив, 80 километри јужно. Актуелниот гувернер на Флорида се бори за републиканска номинација на прелиминарните избори на партијата, но анкетите го поддржуваат поранешниот претседател Доналд Трамп.

Во текот на неделата, Бајден и Де Сантис редовно разменуваа информации за ураганот од трета категорија што ја погоди сојузната држава на југоистокот на САД, каде што беа измерени брзината на ветерот од приближно 200 километри на час. Политиката не влезе во нивните разговори, рече Бајден во изјавата пред три дена.

Извор: МИА

Tags: БајденКлиматски промени
Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Бесими: Членството во ЕУ ќе донесе над 20 пати повеќе фондови по глава на жител

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk