Советот за безбедност на ОН ќе свика седница на 21 септември на која ќе се разговара за Нагорно Карабах, јавија руски медиуми повикувајќи се на извор во Обединетите нации.
„Средбата ќе се одржи в четврток“, изјави изворот додавајќи дека средбата ќе се одржи во попладневните часови по њујоршко време.
На 19 септември Азербејџан започна голем напад врз Нагорно Карабах. Најмалку 25 лица загинаа, а 138 се ранети во Нагорно Карабах.