ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Трајковски: ДПИ спроведува надзори, граѓаните да пријават неправилности околу цените

September 20, 2023 19:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски вечерва информираше дека ДПИ спроведува надзори по одлуката на Владата за намалување на одредени производи и повика граѓаните да пријават неправилности.

– Во моментов пазарниот инспекторат спроведува надзори по одлуката на Владата, што се однесува на намалување на одредени производи, за најмалку 10%, сметано од цената на производите по која се продавале на 1 август. Нашите надлежности кои произлегуваат од оваа одлука се контрола на цените на производите кои се наведени во одлуката, појасни Трајковски.

Тоа значи, додаде, дека ако се забележи прекршување на одлуката, ќе се постапува во согласност со Законот за трговија, а казните се во висина од 800 – 10.000 евра, во зависност од големината на субјектот.

– Дополнително, контролираме дали е доставен рабат најмногу до 5%, и дали трговците на големо доставуваат стоки и производи во количина од 70% во согласност со доставата извршена во месец август 2023 година. Ја поздравувам оваа одлука и поддржувам се што се прави во интерес на граѓаните, подвлече директорот.

Она што ја го забележав, додаде, е дека цените се намалени на производите опфатени со одлуката, а тоа се над 1.000 производи во 25 категории.

– И добро е што трговците покажаа разбирање и позитивна волја за намалување на цените. Дополнително, дадовме време трговците да ги усогласат цените со одлуката и денес ги проверуваме само поголемите ланци на маркети. Од утре контролите ќе бидат засилени и ќе ги контролираме и трговците на големо и трговците на мало, дециден беше Трајковски.

Трговците имаат и обврска да ги означат намалените производи со ознаката „гарантирана цена”, која може да ја преземат од веб-страницата на Министерството за економија.

-Потенцирам, дека како и досега ќе се постапува без селекција и нема да има никаков компромис затоа што е во прашање заштитата на стандардот на граѓаните. Секој, кој прекршил закон, а е во наша надлежност, ќе одговара во согласност со сторениот прекршок. Одлуката е јасна и нема да има отстапување. Јас ви гарантирам, дека оној што нема да ја почитува одлуката, ќе биде казнет, а ако има потреба и ќе се затвори субјектот, истакна Трајковски.

Тој апелираше трговците да ги намалат цените и на останатите производи.

– Нема потреба постојано да се чекаат одлуки на Влада или на други институции за да се излезе во пресрет на граѓаните. Ги повикувам граѓаните да пријавуваат неправилности во пазарниот инспекторат и на бројот 02 191 кој е достапен за гласовни пораки 24/7, нагласи директорот во изјава за медиумите.

Стотици прехранбени производи од денеска до 30 ноември годинава во маркетите треба да имаат за најмалку 10 отсто пониски цени отколку што се продавале на 1 август. Граѓаните ќе можат да ги препознаат според ознаката „гарантирана цена“. Одлуката за поевтинување на прехранбените производи за 10 отсто и замрзнување на намалените цени  ја донесе вчера Владата на седница, а според најавите од министерот за економија Крешник Бектеши, листата со производи ќе се прошири следната недела.

Tags: ДПИТрајковски
Next Post

Нови можности за нашиете ученици, професори и студенти, потпишан нов договор за CEEPUS регионалната програма за академска мобилност со важност до 2032

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk