Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Џералдин, во централниот дел на Јужниот остров на Нов Зеланд.
Според првичните податоци, нема жртви или значителна материјална штета. Земјотресот, најсилниот во земјата оваа година, е регистриран утрово во 9:14 часот по локално време (21:14 часот по Гринич) на длабочина од 11 километри.
Земјотресот беше во близина на местото каде во 2011 година во земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер загинаа 185 луѓе и беше предизвикана голема материјална штета во градот Крајстчерч на Јужниот остров.