ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: „Раде Кончар-Сервис” е пример за тоа како иновативноста води до успеси на глобалните пазари

September 30, 2023 20:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи во денешното обраќање на свеченоста по повод прославата на 75-годишнината на „Раде Кончар-Сервис“, истакна дека компанија е пример за тоа како иновативноста води до успеси на глобалните пазари.

-Прославата на 75-годишнината на „Раде Кончар-Сервис“ е вистински пример за тоа како континуирано отворениот и иновативен пристап во развојот на нови производи и услуги, даваат повеќе децениска виталност и пазарни успеси на регионалниот и глобалните пазари. Овде несомнено спаѓа и имплементацијата на квалитетни и напредни технолошки решенија кои ги задоволуваат највисоките индустриски стандарди и специфични потреби на пазарот во делот на металопреработувачката и електро-индустријата, рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека јубилејот е приказ на визионерскиот курс кој менаџментот на компанија успева да го одржува низ годините, прифаќајќи го напредокот и постојано поместувајќи ги границите на она што е можно.

– Водејќи силна грижа за вработените, за нивната материјална сигурност и постојаното вложување во развојот на нивните знаења и вештини, „Раде Кончар-Сервис“ е компанија во која развојот на човечкиот капитал во слух со науката и тесната соработка со високо-образовните институции, ги има зацврстено темелите на пазарните успеси и во индустрии во кои технолошкиот напредок незапирливо поставува нови предизвици, посочи Битиќи.

Тој се осврна и на тешките предизвици со кои се соочува светот, климатските промени и деградацијата на животната средина, од кои не е одмината ниту Северна Македонија.

– Имаме домашна компанија која прерасна во пример за тоа дека пазарните успеси може да се остваруваат и со прифаќање на поширока одговорност кон заедница и примена на циркуларен пристап во работењето. За пофалба се пазарните успеси кои одат подалеку од иновациите и современата технологија, кои во себе интегрираат развиена свест за заштита на животната средина. „Раде Кончар-Сервис“ е пример за компанија која создава и споделува вредност со општеството и животната средина, истовремено претставувајќи модел кој треба да биде инспирација и мотив за останати компании во Северна Македонија за тоа како преку одговорни деловни практики во 21-от век може да се остваруваат глобални пазарни успеси, рече Битиќи.

Во својство на вицепремиер за економски прашања, Битиќи рече дека уште од почетокот на својот мандат има уверување дека компетитивноста на нашата економија на регионалните и глобалните пазари може да биде засилена само доколку домашните компании развиваат производи и услуги на темел на иновативност и вложување во истражување и развој, достоинствено платени работни места, со кои создаваат додадена вредност и бележат успеси не само на нашиот пазар, туку ефективно се натпреваруваат и на глобалната сцена.

-Токму „Раде Кончар-Сервис“ е тој вид на компанија, која во своето работење го отелотворува принципот на иновативност во технолошкиот развој, нагласи Битиќи.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Златна „Камера 300“ за кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин

НАЈНОВО

Голема победа на ракометарите на Вардар во Тулуз

October 21, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Крадците од музејот Лувр предизвикале штета од 88 милиони евра

October 21, 2025

Мециновиќ: Вториот круг е избор меѓу статус кво-то и вистинска промена

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk