ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: „Букстар“ е платформа и предизвик за промена на светот преку литературата

October 3, 2023 09:10
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Младинскиот културен центар во Скопје синоќа беше отворено деветтото издание на Фестивалот на европска литература „Букстар“ во тек на кој ќе гостуваат десет европски автори, четириесетина македонски учесници од различни генерации, претставници на реномирани издавачки куќи и фестивали од пет држави од регионот.

Фестивалот, што се одржува под мотото „Ве молиме, вознемирувајте!“, за отворен го прогласи авторката Лидија Димковска, а евроамбасадорот Дејвид Гир ѝ ја додели наградата „Букстар 2023“ на шпанско-мароканската писателка Наџат ел Хачми за романот „Во понеделник ќе нè сакаат“.

Според министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска Фестивалот претставува искрен придонес во заемното запознавање на авторите и делата од домашната и од европската литература градејќи нова димензија на пријателството независно од културните и јазичните бариери.

-Делата од европската литература на еден благороден начин го збогатуваат културниот простор афирмирајќи ја книжевноста на европските јазици. Тие имаат унверзална моќ да нè поврзуваат и да нè воведуваат во различни светови, да нè вознемируваат, да нè предизвикуваат и да нè поттикнуваат на размислување, наведувајќи нè да поставиме прашања за животот, љубовта, искуството, социјалните предизвици и за многу други аспекти на човековото постоење, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека мотото на фестивалот не е случајно затоа што литературата, како израз на човечката фантазија и креативност, честопати не само што ја вознемирува туку и ја трансформира нашата реалност.

-На овој Фестивал на европска литература ние ги слушаме гласовите на писателите, толку различни и многубројни како што се и европските нации и култури. Преку нивните дела, ние се нурнуваме во многубројни светови, се вознемируваме, размислуваме и размислуваме повторно. Секоја страница, секоја буква го поттикнува нашиот ум и го оформува нашето разбирање за светот, рече министерката за култура.

Фестивалот на европска литература, според Костадиновска-Стојчевска, е можност „да се запознаеме, да се поврземе и да ги претставиме искуствата и идеите, да го прославиме богатството на културното разнообразие и да го почитуваме литературното наследство што нè обединува“.  Фестивалот „Букстар“ се реализира, меѓу другите, и со поддршка од Министерството за култура.

Tags: „Букстар“Костадиновска Стојчевскалитература
Next Post

Продолжува растот на хотелски резервации преку онлајн платформите во ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk