Вршителот на должноста претседател на Претставничкиот дом, Патрик Мекхенри и нареди на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси (83) најдоцна до денеска да ја напушти својата канцеларија во Капитол.
Мекхенри е близок соработник на сега веќе поранешниот претседател на Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти, кој беше соборен од функцијата, а неговата наредба за иселување беше една од првите дејствија што ги презеде откако ја презеде функцијата вршител на должноста претседател, пишува Политико.
Пелоси беше известена за иселувањето преку е-пошта, наведувајќи дека нејзината канцеларија ќе биде заклучена.