ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во рамки на програмата на АКТО 18, премиера на филмот ВИТИЌ ТАНЦУВА во режија на Борис Бакал

October 5, 2023 15:11
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Во амфитеатарот на Архитектонскиотт факултет Скоје, на 13.10.2023 во петок, премиера на филмот ВИТИЌ ТАНЦУВА во режија на Борис Бакал од Хрватска, во рамки на програмата на Фестивалот АКТО 18 за месец октомври, под името: Попаметен град 3.0 – Феникс или Апокалипса?
—
„Витиќ танцува“ е долгометражен документарен филм на концептуалниот интермедијален уметник Борис Бакал и уметничката организација „Фрлачи на сенки“ (Bacači sjenki) за дваесетгодишната борба на станарите на Витиќевиот облакодер за обновување на повеќестанбената зграда во Загреб, ремек-дело на модернистичката архитектура, која на тој начин станува метафора на целото општество. Хипертекстуална приказна за истражување на целта и залудноста на индивидуалното застапување за општото добро.
Филмот опфаќа период од околу петнаесет години, а преку архивски снимки и сведоштва на поранешни и сегашни жители на Витиќевиот облакодер,архитекти, активисти и други инволвирани актери, се обидува да воспостави свест за инфраструктурата во служба на заедницата. Со помош на афирмативните практики на домување и кохезивната функција на архитектурата, во фокусот на интерес на филмот е Витиќевиот облакодер, изграден на крајот на педесеттите години од 20 век во Загреб, како пример за имплементација на модернистичка архитектура во урбаниот пејзаж.
Тоа е зградата во која се рефлектираа сите клучни општествени моменти и несогласувања. Вреден и долго запоставен споменик на културата, Витиќевиот облакодер истовремено е и показател за систематска негрижа кон социјалистичкото наследство, но и за парадоксот на поранешниот систем. Нормализацијата на клиентелизмот и корупцијата, недоволниот капацитет за домување во Загреб, систематското запоставување на јавните простори и отсуството на урбанистичко планирање се теми што се рефлектираат во филмот на Бакал со облакодерот како главен протагонист
Tags: АКТОБорис Бакал
Next Post

Рама: Ситуацијата на северот на Косово е опасна, треба да се преземат мерки пред да биде доцна

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk