ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Мира Гаќина: На свое барање заминувам од раководната позицијата на Музејот на современата уметност

October 18, 2023 11:09
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорката на Музејот на современата уметност, Мира Гаќина, објави дека на свое барање заминува од раководната позиција.

„После шест години, исполнети со неверојатно значајни домашни, регионални и меѓународни изложби и проекти, на свое барање заминувам од раководната позицијата на Музејот на современата уметност, МСУ-Скопје“, објави на Фејсбук директорката на МСУ, Мира Гаќина.

Таа нагласува дека „стремежот да се демонстрира севкупниот потенцијал на МСУ како релеванта институција во полето на современата уметност и култура, беше причината поради која ја прифатив оваа многу одговорна позиција во 2017 година“.

„Водена од сознанието за колективниот ентузијазам во сите нас, за повторно заживување на пионерските идеали на солидарност втемелени во самата идејата на оваа по многу нешта единствена институција кај нас и пошироко, заедно со професионалниот музејски колектив, сите овие години работевме на етаблирање на една комплексна интердисциплинарна програма која суштински и критички ја промислува современата уметност како значаен културен дивигател во нашето општество“, истакнува Гаќина.

Горда сум, вели таа, што нашата намера беше препознаена од светската уметничка фела и дека успеавме да ја збогатиме исклучителната колекција на Музејот со дела од нови генерации на уметници, а со тоа видно ја зголемивме вредноста на националното културно богатство.

„Постојано работевме на градење на односот и дијалогот со домашната сцена и публика, создавајќи отворен и дискурзивен Музеј за сите. По сите параметри на препознавање на работата на нашиот колектив, верувам дека во комлексни социо-политички услови сепак успеавме да поставиме нови критички постулати за континуирана афирмација на современата уметност и култура. Затоа, незимерно сум благодарна за довербата, поддршката и разбирањето за оваа моја одлука, пред сè, од страна на моите ценети колеги, како и на Министерството за култура на Република Северна Македонија, и на сите поедници, инсититуции и организации од земјава и светот со коишто имав чест да соработувам“, истакнува во објавата Гаќина.

Музејот на современата уметност – Скопје, со соопштение, ја извести јавноста дека првиот човек на институцијата, Мира Гаќина, по шест години успешно извршување на должноста директорка на музејот се повлекува од лични причини.

Мира Гаќина, која на директорската позиција на МСУ беше од средината на 2017 година, по вокација е историчарка на уметноста, магистер по музеологија, со докторат по продукција и управување на институции од културата – студија на случај МСУ – Скопје. Формирајќи и успешно работејќи со тим од искусни и докажани професиналци во својата струка, Мира Гаќина изминатите години успеа да го стави МСУ на мапата на европските и светските музејски центри, реализирајќи повеќе капитални изложбени проекти.

Еден од последните големи меѓународни проекти, кој e се уште во тек е изложбата „Ниедно чувство не е конечно: Колекција на солидарноста, МСУ Скопје“ во Кунстхале во Виена, изложба која го реафирмира основниот карактер на МСУ, како музеј на интернационалната солидарност. Изложбата идната година ќе патува и во Прага, а во тек се контакти и со други музеи за проширување на димензиите на овој проект.

Серијата изложби „Се што ни е заедничко“ која вклучуваше дела и лично присуство на редица релевантни светски и регионални уметници, потоа соработката на изложбени проекти во Краков, Солун и ко-партнерството со „Манифеста“, една од најзначајните светски манифестации на современата уметност, се исто така само дел од листата на успешни меѓународни проекти на МСУ. Тука треба да се спомене и извонредно успешната Интердисциплинарна програма, која заедно со обновеното издавање на списанието „Големото стакло“, го овозможи претставувањето на денес релевантните теориски и критички практики. Овие меѓународни успеси беа крунисани со приемот на МСУ во CIMAM (Меѓународно здружение на музеи на модерна уметност), како и со меѓународната награда „Жива“ доделена на МСУ за креативност и посебни постигнувања.

Во својот мандат, Мира Гаќина и тимот на МСУ во континуитет продуцираа и поставки во кои изложуваат светски познати и домашни докажани уметници.

Од исклучително значење за музејот и македонската уметност и култура е и повторното заживување на донаторската димензија на МСУ, збогатувајќи ги збирките со над стотина нови подароци од странски и македонски уметници и донатори. Во овој период МСУ ја подигна на многу повисоко ниво и важноста на своите едукативни програми, како една од суштинските социјални димензии на музејот.

„Веројатно многу скопјани, како и јас, биле, и уште се фасцинирани од објектот на МСУ, кој спокојно го набљудува Градот, без да се наметнува. Но, каква е вистинската вредност на неговата колекција, а особено на неговиот концепт, како музеј инициран и остварен од страна на уметниците осознав со време, преку моите студии и споредби со други светски музеи. Стремежот да се демонстрира севкупниот потенцијал на МСУ како релевантна институција во полето на современата уметност и култура, беше причината поради која ја прифатив оваа многу одговорна позиција во 2017 година. Водена од сознанието за колективниот ентузијазам во сите нас, за повторно заживување на пионерските идеали на солидарност втемелени во самата идејата на оваа по многу нешта единствена институција кај нас и пошироко. Овој Музеј на солидарноста го замисливме како Отворен Музеј, отворен за сите генерации, за сите групи, за сите заедници, пред сè, за скопјани, како интегрален дел на Старо Скопје, со целата негова културна различност, следејќи ја оригиналната Мисија. Но најважно е што инспириравме нова генерација меѓународни и наши уметници да му подаруваат дела на Музејот. Солидарноста како вредност се издигна над спонтаната реакција предизвикана од земјотресот во музејски концепт, низ трансгенерациска врска на авторите. И покрај моето повлекување, засекогаш ќе останам мотивирана да учествувам во натамошниот развој на МСУ, задоволна што по 60 години од неговото основање е повторно една од најубедливите вредности на скопскиот урбан живот“, вели Гаќина.

Истакнувајќи некои од позначајните постигнувања, стручниот тим и вработените во  Музејот на современата уметност се надеваат дека овој тренд на подигнувањето на нивоата на работата на институцијата ќе биде соодветно препознаен и ќе наиде на уште поголема поддршка од Министерството за култура и долгогодишнте партнери и поддржувачи.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Мира ГаќинаМСУ

НАЈНОВО

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари, останува во ВЛЕН

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk