ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска на Денот на ОН: Да го чуваме идеалот за подобар свет и универзално почитување на човековите права

October 24, 2023 15:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„Ако причините за формирањето на Организацијата на Обединетите Нации и усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права се искуствата од Втората светска војна, кои донесоа неизмерни страдања, жртви и дехуманизација до крајни граници, тогаш главната задача за сите нас како индивидуи, како држави и за колективните системи на кои припаѓаме е да не дозволиме актуелните жаришта во светот да разгорат нов глобален оган од кој човештвото нема да може да закрепне повторно“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на отворањето на приемот по повод Денот на ОН.

Во своето обраќање, вицепремиерката Грковска истакна дека мудрите хуманисти кои ја конципираа Декларацијата, усвоена пред 75 години, и се изборија за широко прифаќање на овој документ со универзално значење, денес би биле среќни од сознанието дека земјите каде што човековите права се ставени на највисок пиедестал и уживаат голема заштита од системот во кој владее правото, се земји кои постигнаа најголем развој и најдобар животен стандард за своите граѓани.  Според Грковска, овој факт треба да е водилка за нашата и за идните генерации, кон целосно исполнување на визијата за праведен и хармоничен поредок, со пријателски односи меѓу народите.

„Можеби ова звучи многу идеалистички додека во моментов се лее крв во Украина и на Блискиот Исток. Но, човекот не би бил ништо повеќе од варварин без свест и совест, ако го нема идеалот за подобар и поправеден свет и за човештво кое функционира и соработува врз клучните хуманистички вредности“, заклучи вицепремиерката Грковска.

Претходно таа учествуваше на панел дискусија во рамки на Годишната конференција на ОН во земјава, посветена на дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза, каде истакна дека заедно со сајбер безбедноста, овие прашања се дел од хибридните закани и опасности со кои се соочуваме сите и дека во глобалната индустрија на лажни вести и нашите фарми за производство на лаги станаа светски познати.

„Сериозноста на овие прашања, особено кога им се осврнуваме од аспект на човековите права, е навистина длабока. Лагите со кои се демонизира одредена општествена група, а кои се споделени во виртуелниот простор, честопати резултираат со нанесени штети во физичкиот простор. Од брутална дискриминација и прекршени основни права, маргинализација, се до насилни дела сторени од омраза, па и со одземени или длабоко нарушени човечки животи. Токму овој аспект на проблемот, мора да ни биде главниот мотив за справување со овој тип на опасност“, посочи вицепремиерката и нагласи дека во борбата против манипулацијата со лажни вести, пристапот во кој се вклучени сите чинители е единствениот кој може да даде резултати, за да ги заштитиме нашите граѓани, нашите земји и демократските придобивки кои целат кон подобра иднина за сите и кон остварување на глобалните развојни цели насекаде низ светот.

Next Post

Костадиновска-Стојчевска: Соработката со Музејот „Ашмолеан“ ја зголемува достапноста на нашето културно богатство пред британската јавност

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk