Пратеникот на СДСМ Миле Талевски во емисијата студио 10 на телевизија 24 истакна дека ќе има редовни претседателски и редовни парламентарни избори.
„Изборите ќе бидат во редовен термин и одвоени, роковите се одредени со уставот и законите и тоа претседатлските избори мора да се одржат 60 дена до завршување на мандатот на актулениот претстедател, а парламентарните 90 дена од завршување на мандатот на актуелниот состав на парламентот“, рече Талевски, додавајќи дека работните групи во собрание се формирани и СДСМ стои на располагање за дискусија, во рамките на изнесениот конзистентен став.
Тој истакна дека ДПМНЕ три години цело време повторува дека само што немало вонредни избори, со цел да го лажат своето членство и да ја замајуваат јавност.
Од ДПМНЕ добро знаат каков е коалицскиот потенцијал на СДСМ и се покажува дека е фаворит на избори. Прво на претседателските избори ќе победи кандидатот на СДСМ, а потоа по паралментарните СДСМ ќе ја предложи новата влада, порача Талевски.
Тој додаде дека ДПМНЕ се плаши од избори, бидејќи народот го препознава нивното лошо владеење на локално ниво.
Факт е дека ДПМНЕ има најкатстрофално практицирање на власта од плурализмот во државата во 70 општини, каде градоначалниците не реазлизирале ниту еден проект, туку прва одлука им е да удрат по џебот на граѓаните, нагласи Талевски.