ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска: Растат платите во културата, од 30 на 45 илјади денари порасна нето платата на хористите за само две години

October 26, 2023 19:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
„Со последното, септемвриско покачување, платите во културата од 2021 година до денес се поголеми за 43%. Растот на платите е пропорционално еднаков за сите културни работници и тоа е она што вработените во културата го заслужуваат. Заврши времето на манипулација со трудот на културните работници. Платите сега се достоинствени“, напиша во објавата на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Taa нагласува во текстот дека станува збор за „плати какви што културните работници заслужуваат, а јас и натаму ќе се борам за уште поголем раст“.

„Нашата борба за повисоки плати е успешна бидејќи секогаш зборувавме со аргументите на правичноста и праведноста. Мораме така и да продолжиме“, потенцира министерката за култура.

Во објавата на социјалните мрежи Костадиновска-Стојчевска посочува дека „со Колективниот договор во културата подготвен и потпишан во 2019 година, а од неодамна и со Општиот колективен договор постигнавме правичност во групирањето на работните места и праведно вреднување на трудот на вработените во културата за сите без исклучок“, и дека „овие договори денес спречуваат селективност и фаворизација во утврдување на правата по работен однос без разлика за која позиција и работно место се работи во било која културна установа, а сега и во било која државна институција воопшто“.

„Креативните и авторски позиции и понатаму добиваат плати достојни на нивниот статус, но еднакво и соодветно ги зголемуваме платите и на сите останати кои се дел од логистиката на културните настани, процеси и институции“, пишува на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во објавата таа наведува споредбени показатели за три работни позиции во институциите од културата за да го илустрира трендот на покачување на платите од 2021 година до денеска.

Tags: Бисера Костадиовска-Стојчевскакултураплати
Next Post

Маричиќ: Фон дер Лајен в понеделник доаѓа во Скопје

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk