Шеесет лица се уапсени откако толпа упадна на аеродромот во главниот град на руската кавкаска република Дагестан, Махачкала барајќи Евреи и извикувајќи антисемиски пароли.
Антисемитска толпа синоќа упадна на аеродромот во Махачкала, откако таму слета авион од Тел Авив. Според медиумите, оние кои упаднале на аеродромот извикувале антисемитски слогани и вееле палестински знамиња.
Идентификувани се повеќе од 150 активни учесници во немирите, од кои 60 се уапсени, се наведува во соопштението на русото Министерството за внатрешни работи.
Израел ги повика руските власти да ги заштитат израелските граѓани по вчерашниот инцидент на аеродромот во Дагестан.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето извикуваат „Алаху Акбар“. Поради инцидентот, аеродромот беше привремено затворен, а летовите што пристигнуваа беа пренасочени кон други аеродроми.
САД ги осудуваат „антисемитските протести“ што го потресоа аеродромот во Дагестан, откако се проширија гласини дека таму слетал авион од Израел, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
„САД недвосмислено стојат со целата еврејска заедница додека сме сведоци на светски пораст на антисемитизмот. Никогаш нема никакво оправдување за антисемитизмот“, напиша таа на X (Твитер) за синоќешниот обид за напад на евентуални израелски граѓани.
BREAKING:
The lynch mob which stormed the airport in Dagestan, Russia to search for Jews as a plane was landing from Tel Aviv has found its first “suspected Jew”
He tells them he is Uzbek, but they don’t believe him
“Take his passport, search his phone” pic.twitter.com/9gKteyKFz0
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 29, 2023
Дагестан е главно муслиманска руска република во Северен Кавказ, дом на околу 3,1 милиони луѓе на западниот брег на Касписко Море.
Ј. Ѓ.