Жителите на три области во северната австралиска држава Квинсленд денеска добија наредба да се евакуираат бидејќи шумските пожари излегле надвор од контрола.
Пожарникарите, вклучително и оние кои пристигнаа од други делови на Австралија и Нов Зеланд, се борат со шумските пожари во државата во кои веќе загинаа две лица и уништија десетици домови.
Жителите на две соседни области во близина на градот Далвеена денеска добија наредба итно да се евакуираат. Пожарите во областа ја зафатија и соседната држава Нов Јужен Велс на југ.
Властите денеска издадоа и трето предупредување за евакуација на крајниот север на државата, во близина на Вотсонвил.