ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Волф: Ова беше најлошиот викенд на Мерцедес во последните 13 години

November 6, 2023 16:28
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Извршниот директор на формула тимот на Мерцедес, Тото Волф го нарече викендот во Бразил најлош во последните 13 години. Тој призна дека тимот не ги знае причините за катастрофалниот настап на Големата награда на Сао Паоло одржана вчеравечер.

Волф рече дека тимот направил грешка со поставките на болидот, но дека неточните поставки не го објаснуваат толку голем дефицит на брзина во однос на конкурентите.

– Спринт викендите очигледно не се наша силна страна. Повеќето од овие викенди успеваме да се извлечеме од неволја. Но, таквата разлика – осмото место овде и речиси првото место по брзина пред само една недела во Мексико – изгледа едноставно невозможна. Лично, според мене, ова беше најлошиот викенд во последните 13 години. Да, направивме грешка со поставките, премногу го подигнавме автомобилот и работевме со тие поставки цел викенд. Но, ова не е главната причина за ваков катастрофален викенд. Мора да има некој суштински механички проблем со автомобилот. Задното крило или висината на возењето не можат толку да сменат се, бидејќи таму зборуваме за разлика од неколку милиметри. Да, се разбира, грешка во таквите поставки исто така ве чини губење на брзината, но тоа не објаснува таков неуспех во текот на целиот викенд, изјави Волф.

Првиот човек на Мерцедес кажа и за опцијата да ја започнат трката од боксот со прекршување на правилата „parc fermé“ и избор на оптимални поставки за болидот.

– Проблемот е што немавме идеја што точно треба да промениме во поставките, бидејќи главниот проблем лежеше многу подлабоко. И за да се обидеме да освоиме што повеќе поени, мислевме дека најдобра опција сепак ќе биде да ја започнеме трката од стартната мрежа, додаде Волф.

Трката во Бразил, Луис Хамилтон ја заврши на 8.место, додека другиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел се откажа поради технички проблеми.

Tags: „мерцедес“Волфформула 1
Next Post

Полски камионџии ги блокираа граничните премини со Украина

EVN

НАЈНОВО

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Андонов на промотивен настан на анализа на јавното мислење за ЕУ процесите: Владата шири евроскептицизам!

January 28, 2026

Зошто искрениот пристап ги плаши неспособните

January 28, 2026

Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk