ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прекинат работниот однос на привремено вработени во „Водовод и канализација“

Како што е наведено во соопштението, потпишано од директорот Драган Илиевски, од Управниот одбор им се прекинати договорите на водоинсталатери, механичари, инженери, возачи, односно технички персонал од ЈП „Водовод и канализација“ кои со години работеле во ова претпријатие

November 8, 2023 12:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Мета.мк

Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

На седница на Управниот одбор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, претседателот на Управниот одбор, Идриз Орана, со членовите од ВМРО-ДПМНЕ усвоија одлука, со која им се прекинува работниот однос на привремено вработените во претпријатието, соопштуваат оттаму. Како што е наведено во соопштението, потпишано од директорот Драган Илиевски, прекинати им се договорите на водоинсталатери, механичари, инженери, возачи, односно технички персонал од ЈП „Водовод и канализација“ кои со години работеле во ова претпријатие.

Оттаму ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ како најодговорна за превработеноста во ова претпријатие од времето на нивното владеење.

„И додека претпријатието е превработено со административци, ЈП Водовод и канализација се соочува со сериозен недостаток на технички персонал како водоинсталатери и инкасатори кои сега членовите на Управен одбор ги бркаат од работа. Секако, за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е важно што на овој начин директно се загрозува безбедноста на градот Скопје, но и редовната и непрекината испорака на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ до секој дом во главниот град. За ВМРО-
ДПМНЕ единствено што е важно е непрекинати да им се нивните партиски
вработувања во администрација по системот „клати врата, земај плата“, наведено е во соопштението.

Целта на партијата, според Илиевски, е да се предизвика нов хаос во главниот град.

„Притоа воопшто не се грижат за потребите на граѓаните на главниот град, нивната безбедност и со Устав загарантираното право на испорака на вода“, наведено е во соопштението.

На 3 ноември, имаше тепачка во претпријатието зашто членовите на управниот одбор не прифаќале да одат на петтиот кат да одржат состанок, а обезбедувањето не ги пуштало да влезат во канцеларијата еден кат подолу.

Како што објави порталот СДК, проблемот настанал откако по наредба на директорот Драган Илиевски им било забрането да држат состанок во канцеларијата на 4 кат, каде што со години се одржувале состаноци. Им било речено да одат на петтиот, најгорен кат, каде нема канцеларија туку треба да држат состанок во ходник. Членовите на УО не прифаќале да одат на петтиот кат, но обезбедувањето не ги пуштало да влезат во канцеларијата, по што настанала тепачка.

Извор Мета.мк

Tags: ЈП „Водовод и канализација“ – Скопјеобвинувањаотпуштањаработен односТепачка
Next Post
Демонстрантите се соочуваат со полицијата за време на протестите на десничарите во близина на националното седиште на шпанската Социјалистичка партија во Мадрид, Шпанија, вторник, 7 ноември 2023 година. Пол Вајт/Авторски права 2023 АП. Сите права се задржани

Шпанскиот социјалистички штаб нападнат на втората ноќ на протестите во Мадрид: Санчез вели дека е тоа е атак врз демократијата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk