ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Развојот на човечкиот капитал може да се постигне преку кредибилни секторски политики

November 14, 2023 11:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со своето воведно обраќање го отвори тринаесеттиот пленарен состанок на Секторската работна група во областите образование, вработување и социјална политика.

Тренчевска го започна своето обраќање објаснувајќи ја целта на секторските политики и на законодавството. Таа истакна дека истите се насочени кон овозможување на еднакви можности, полесен пристап на пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност, посочувајќи дека нивната имплементација е насочена кој создавање на праведна и одржлива економија и подобрување на животниот стандард на граѓаните со фокус на најранливите категории на граѓани.

„Од воведувањето во 2018 година до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во Гаранцијата за млади. Показателите за последователно следење покажуваат дека околу 40% од младите лица кои добиле понуда биле во позитивна ситуација 18 месеци по напуштањето на системот за обезбедување услуги од Гаранцијата за млади, односно се вработени или се вклучени во некоја обука. Позитивните резултати од спроведувањето на Гаранцијата за млади се потстег за понатамошно зајакнато спроведување на активности за поголем опфат на младите лица и нивно вклучување во мерки за вработување согласно нивните потреби“ рече Тренчевска.

Министерката во насока на активација на невработените лица истакна дека на пазарот на труд ќе се продолжи со имплементација на активни мерки и услуги за вработување, одобено опфаќајќи ги најниско квалификуваните лица, корисниците на социјална помош и корисниците на Гарантирана минимална помош.

„Зголемувањето на минималната и просечната плата и сите мерки и заложби што беа преземени имаат влијание врз подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стимулирање на економската активност, продуктивноста на трудот и конкуренцијата. Грижата за животниот стандард на постарите лица е клучна, а пензиите имаат исклучително влијание врз вкупната сиромаштија. Покачувањето на пензиите е согласно новата методологија за раст на пензиите и согласно економските текови, се преземаат мерки за финансиска поддршка на најранливата категорија на пензионери“ рече Тренчевска во однос на креирањето на политики и мерки кои се однесуваат  на највозрасната популација во државата.

На крај министерката повика на споделување на различните ставови и искуства со цел да се креираат политики кои ќе одговараат на сите во државата.

Next Post

Стејт департмент: САД ја потврдуваат доследната поддршка за Украина

НАЈНОВО

Одложени над 8.000 летови во САД поради буџетската блокада

October 27, 2025
Скриншот

Започнува судењето за онлајн вознемирување на Брижит Макрон

October 27, 2025
Скриншот

По триумфот во Мексико, Ландо Норис го презеде водството во Формула 1

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk