Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Кина има „реални проблеми“, неколку часа пред средбата со неговиот кинески колега Си Џинпинг на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во Сан Франциско, чија цел е обнова на кинеско-американските односи.
Бајден претходно изрази надеж дека разговорите ќе помогнат да се подобрат нестабилните односи меѓу САД и Кина, кои беа обележани со остри разлики во текот на изминатата година.
Двајцата лидери пристигнаа во градот, каде што ги пречекаа стотици демонстранти веејќи знамиња на Кина, Тајван и Тибет, како и плакати за поддршка и против кинескиот лидер.
Пред да замине од Вашингтон за Сан Франциско, Бајден рече дека негова заедничка цел е Вашингтон и Пекинг да ја подобрат меѓусебната комуникација и покрај несогласувањата за голем број прашања. „Да можеме … да разговараме меѓу себе ако има криза. Да можеме да се увериме дека воените сили продолжуваат да имаат контакти …она што се обидуваме да го направиме е да ги промениме односите на подобро“, рече Бајден.