ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Граѓанскиот сектор има клучна улога во обликувањето на подобар свет

November 15, 2023 15:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Немаше да бидам тоа што сум денес ако на почетоците на мојата активно не учествував во граѓанскиот сектор каде поминав долги години“, изјави заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи во својство на панелист беше дел од Националниот форум оганизиран од Цивика мобилитас, кој на едно место ги собра организациите од Граѓанскиот сектор да разговарат на тема „Од граѓански активизам до општествени промени- очекувањата наспроти реалноста“.

Во неговиот осврт, вицепремиерот Битиќи нагласи дека суштината на работењето на сите чинители треба да биде вклученоста, која пак од друга страна бара време.

„Животниот циклус мора да не носи низ граѓанскиот сектор за да научиме да правиме нешто и за другите, треба да не води и низ бизнис секторот за да правиме нешто и за себе, но секако, треба да е носи и во државниот сектор за да направиме нешто за општеството низ еден институционален и структуриран пристап“, рече вицепремиерот Битиќи пред многуте претставници од Невладиниот сектор.

Вицепремиерот Битиќи апелираше за поголема инклузивност на различностите во државата и за побрзо созревање како општество во целина, бидејќи негативните реакции по предлогот за либерализација на работна сила кое е подигнато како прашање за потребите на приватниот сектор во земјава, говорат дека треба уште да работиме во овој сегмент.

Вицепремиерот Битиќи во неговото обраќање на панелот рече дека со консензус и инклузивност, Владата на Северна Македонија работи на Националната развојна стратегија која со вклучување на академијата, бизнисот и граѓанскиот сектор обезбедува консензус со кој ќе имаме јасен пат на приоритети за нашиот развој во следните 20 години.

Националната развојна стратегија, рече Битиќи ќе биде заедничкиот патоказ, ќе биде стратегија која ќе делува како чадор кој обединува без разлика која партија ќе биде на власт, бидејќи јасно ќе одреди во кој дел се потребни финансии со што ќе обезбеди позитивна средина и олеснување на политичкиот дијалог за стратешките цели, и го бележи патот каде треба Граѓанскиот сектор  да делува.

Освен вицепремиерот Битиќи, говорници беа и Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Љатифе Шиковска, пратеничка во Собранието, Петрит Сарачини, поранешен координатор на Одделение за медиумски мониторинг при Владата и Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии.

Next Post
пасоѓ

Во ПС „Пролет“ дневно по 1.000 лица ќе може да ги заменат личните документи

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk