ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ-Одобеску: Романија е регионален партнер на Северна Македонија во реализацијата на патот кон ЕУ

November 15, 2023 16:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Билатералните односи, постојаната поддршка на Романија за европската интеграција на Северна Македонија и други актуелни случувања во земјата, беа во фокусот на средбата на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ со шефицата на романската дипломатија Луминица Одобеску, која е во работна посета на Северна Македонија.

Како што соопшти СЕП, Маричиќ ја истакнал важноста на пријателската соработка и долгогодишната поддршка од страна на Романија која и ја дава на Северна Македонија на патот кон ЕУ. Поддршката е фокусирана во соработката која се реализира во повеќе сфери, меѓу кои борбата со корупцијата, правосудството, сајбер безбедноста, внатрешните работи и цивилната заштита.

На состанокот Маричиќ кажал дека Владата е цврсто детерминирана во процесот на евроинтергација на државата, а пријателските односи на Северна Македонија со Романија влијаат позитивно во рамки на остварување на нашата стратешка цел.

-Соработката помеѓу нашите држави е од исклучителна важност на патот кон ЕУ, а позитивните искуства и пракса на Романија во евроинтегративниот процес се добар пример за спроведувањето на реформите кај нас, посочил вицепремиерот Маричиќ.

Романија, додал Маричиќ, е наш клучен партнер од регионот на Југоисточна Европа, со градење добри релации во регионот се реализира успешната регионална соработка и стабилен Западен Балкан и Југоисточна Европа.

На состанокот се разговарало и за искуството на Романија на нивниот пат кон ЕУ, како и предизвиците од сличен карактер кои со решавање и пристапувањето во унијата биле надминати со што се достигнал значаен развој за државата, а граѓаните стекнале поголема доверба во системот заради успешната транзиција.

Романската министерка за надворешни работи изјавила дека Романија близок пријател на Северна Македонија истакнувајќи ја поддршката за нашето приклучување во ЕУ. Одобеску кажала дека ова е суштински момент за Северна Македонија, потенцирајќи дека се свесни за предизвиците со кои се соочуваме, од искуството на Романија на европскиот пат, стои во соопштението на СЕП.

На крај на состанокот соговорниците потенцирале дека граѓаните на Северна Македонија ќе добијат многу поголема доверба штом ќе се надминат предизвиците, а процесот на реформи да продолжи на патот до ЕУ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шолц: Поддршката за Украина централно прашање за Германија

НАЈНОВО

Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

October 15, 2025
Скриншот

Албанската опозиција бара разрешување на претседателот Бајрам Бегај

October 15, 2025
Фото: МИА

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk