ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски и Бочварски од Прилеп: Инвестираме за подобрување на целокупната патна мрежа во Прилеп и Пелагонија

November 20, 2023 15:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се во работна посета на Општина Прилеп, каде извршија увид во реконструкција на локалната улица Леце Котески.

Реконструкцијата на оваа улица е дел од „Проектот за поврзување со локални улици и патишта”, кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски и преку кој се дава директна поддршка на локалните самоуправи во вкупна вредност од 70 милиони евра за реконструкција на локални улици и патишта во општините.

„Започнавме со реконструкција на оваа улица, каде, на мое големо задоволство, гледаме дека работите на терен се интензивираат. Со забрзано темпо се продолжува со поставување на нов слој на асфалт на улицата, каде се изведува нова пешачка и велосипедска патека во должина од 2 километри. Со оваа динамика, очекуваме зафатот да заврши во предвидениот рок. Со рехабилитација на оваа улица го подигнуваме нивото на безбедноста за сообраќај и овозможуваме побрза комуникација со жителите од Прилепскиот Регион“, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, при денешниот увид на реконструкцијата на улицата „Леце Котески“ во Прилеп.

При тоа, премиерот Ковачевски додаде дека за реализација на овој проект се обезбедени близу 800 илјади евра.

„Реконструкцијата на улицата „Леце Котески“ е дел од проектот „Поврзување со локални патишта во општините” за што се инвестирани 70 милиони евра, а досега се опфатени преку 140 улици во над 60 општини. Инвестираме насекаде низ целата држава, се грижиме за рамномерен регионален развој. Ги подобруваме условите за живот во општините, ја зголемуваме нивната финансиска независност. Бидејќи развиени општини значат силна економија.“ – потенцираше премиерот Ковачевски.

Министерот Бочварски потенцираше дека динамиката на изградба е според планот на Изведувачот. До сега се асфалтирани 800 метри од вкупно 2.000 метри. Во наредните две недели, цела должина ќе биде асфалтирана со прв слој на асфалт со што понатаму продолжуваат градежните активности за изградба на тротоарите и велосипедската патека.  Оваа инвестиција е дел од вкупниот инвестициски циклус за Прилеп и Пелагонија во изградба и модернизација на патната мрежа.

„Владата, преку Министерството за транспорт и врски продолжува силно да ги поддржува локалните самоуправи, обезбедувајќи им неповратни средства за реализација на голем број проекти во патната инфраструктура кои носат значаен бенефит за сите граѓани. За реконструкцијата на улица „Леце Котески“ вложуваме близу 50 милиони денари, а ова е втора улица која ја реконструираме во Прилеп по улицата „Мице Козар“, чија реконструкција е веќе завршена. Тука на дел од улицата веќе е поставен прв слој на асфалт, а во овој момент се врши тампонирање и припрема за асфалтирање и на останатиот дел од трасата, како и на тампонирање на тротоарските површини. прилепчани да бидат уверени, добиваат најбезбедна и модерна патна врска во градот“ – истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот Бочварски исто така информираше дека на владина седница е одобрен првиот инфраструктурен проект во должина до 29 километри за изградба на автопатот Прилеп – Битола.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Светските лидери му честитаа на новиот папа

May 9, 2025
Скриншот

Пакистан ги отфрла обвинувањата за воздушни напади на индиска територија

May 9, 2025

САД, Велика Британија и Германија бараат решение за конституирање на косовскиот Парламент и формирање влада

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk