ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шукова: Евидентно е дека по пожарот во тетовско Фалише ќе има загадување на воздухот, но во земјава нема акредитирана метода за мерење на органски испраливи материи

November 23, 2023 13:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Автоматскиот мониторинг систем на државата мери неогрански испарливи материјали и не мери органски испарливи материи, истакна министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, која денеска даде одговор зошто по пожарот на магацин со бои и лакови во тетовското село Фалише не се изврши мерење на загаденоста на воздухот.

Во моментов се чекаат резултатите од анализите на Институтот за јавно здравје за водите и почвите во овој реон. Посочи дека во земјава во моментов и нема акредитирана метода, што може да мери испарување на органски загадувачи во воздухот.

Во текот на вчерашниот ден се консултирани сите лабартории, меѓу кои и приватните.

-Меѓутоа на терен излегоа Центарот за управување со кризи, Институтот за јавно здравје и Државниот инспекторат за животна средина, иако во рамките на надлежностите на животна средина, овој случај не е во наша надлежност, ниту во надлежност на инспекторатот, меѓутоа секако заради здравјето на граѓаните излегоа да направат увид и да видат, дали некако можат поконкретно да помогнат, вели Шукова.

Таа додаде дека ваквите компании, во кои вчера гореа бои и лакови не потпаѓаат во системот на А и Б интегрирани дозволи, но потпаѓаат на контрола врз основа на доставен елаборат, за којшто треба да даде согласност општината.

-Сега треба општината да провери дали овој склад работел со предвидени мерки, а особено противпожарни мерки и дали има елаборат за заштита на животната средина. Ние не сме истражен орган, нема тоа да го проверуваме, меѓутоа мислам дека општината треба да провери. Затоа и постојано посочуваме кога се отвараат било какви вакви, дали се тоа магацини, дали се тоа помали објекти каде што се работи со вакви материи мора да се почитува законската регулатива, во делот на животната средина, рече Шукова.

Забележа дека по пожарот на магацинот со бои и лакови во тетовско Фалише евидентно е дека ќе има загадување на воздухот, но како што вели, за жал не може да се измери, бидејќи станува збор за органска материја.

Во текот на вчерашниот ден институциите во земјава токму заради ова дадоа и препораки граѓаните да не излегуваат од своите домови, вратите и прозорците од нивните објекти да бидат затворени, бидејќи влијанието нема да биде само во близина на складот, туку и на неколку стотици метри од него.

-Препорака до граѓаните е да внимаваат овие неколку дена, а надлежните институции она што можат да го направат и да го евидентираат, секако ќе информираат јавноста, вели Шукова.

Прашана зошто во земјава нема акредитирана метода за мерење на органски испраливи материи, Шукова со одговор дека со директивите е предвидено да се мерат 2,5, потоа 10, 5 ПМ честитчки потоа CO, CO2, а воедно и во светот не се мерат.

Министерката Шукова истакна дека она што го видела по видео материјалите од пожарот ќе има загадување на воздухот, како и на водите и почвата, бидејќи, вели, тие честички секако ќе се спушатат на површината.

-Треба граѓаните да внимаваат, ако таму има земјоделски култури, тоа секако не треба да биде употребливо, вели Шукова.

Таа најави дека ќе се направат анализи на почвата и водата, со цел да се види со што ќе бидат загадени, но какошто вели за неколку дена ќе се спуштат.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: воздухотзагадувањепожарТетовско ФалишеШукова

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk