ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Во континуитет и развиваме социјални услуги со што овозможуваме достоинствено, активно и социјализирано стареење

December 1, 2023 13:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на панел дискусијата „Стареењето и миграцијата: двојни демографски предизвици во Северна Македонија“ во рамки на конференцијата организирана од страна на Светска Банка по повод 30 години партнерство меѓу Северна Македонија и Светска Банка.

„Миграцијата има сериозни импликации за растот и продуктивноста. Како што населението се намалува и старее, се јавува недостаток на квалификувана работна сила. Одливот на мозоци може да доведе до значителни празнини во виталните сектори и да ја намали продуктивноста. Стареењето и миграцијата, исто така, го зголемуваат  притисокот врз системот за социјална заштита во Северна Македонија и  врз потребата од обезбедување на  јавни услуги“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика активно работи на спречување на негативните последици од трендовите на миграцијата и дека истите тие предизвици се опфатени во Стратегија за демографија.

Во оваа насока Министерката го објасни Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го имплементира Министерството за труд и социјална политика со поддршката на Светска банка.

„Преку овој проект доделени се  грантови и потпишани се 34 договори со општини и даватели за развој на нови социјални услуги. Најголем дел од овие услуги се наменети за помош и нега на стари лица, а останатите се за развој на услугите: дневен престој за стари лица со активно стареење, дневен престој за деца со попреченост и индивидуални третмани, дневен престој за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост, лична асистенција и советување. Социјалните услуги преку овој проект ги добиваат повеќе од 1591  корисници. За давање на услугите ангажирани се 460 негователи, лични асистенти и стручни лица кои во најголем дел  или 66% биле долгорочно невработени лица, а 40 или 15 % биле приматели на гарантирана минимална помош, со што овој проект дава свој придонес за активација и за  вработување на тешко вработливите  лица пред се од руралните области“ изјави Тренчевска.

Таа истакна дека демографијата е доста комплексно прашање и дека за релевантен одговор покрај влогот во центри за стареење и услуги за највозрасните, заедно со Светска Банка министерството вложува и во раниот детски развој.

Министерката посочи дека одговарајќи на реалните потреби кои ги има државата, министерството заедно со Светска Банка ќе имплементира втор проект за унапредување на социјалните услуги со кој како што изјави Тренчевска се очекува да се постигнат уште поголеми успеси.

Next Post

Бочварски: Правиме рестарт во градежната дејност, со новите политките ја зголемуваме конкуренцијата на домашниот градежен сектор

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури

August 6, 2025

Специјалната болница за гинекологија „Мајка Тереза“-Чаир со нов ЕХО апарат за брза и прецизна дијагностика

August 6, 2025

Скендер Реџепи – кандидат за градоначалник на Скопје од Европскиот фронт

August 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казна за младите тиктокџии кои го ризикуваа животот за 1 минута слава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk