ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министрите Бектеши и Шакири презентираа нова мерка за ваучери за домашен туризам за студентите

December 7, 2023 16:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Мерката ваучери за поддршка на домашниот туризам на Министерството за економија која беше наменета за работници со ниски приходи од следната година ќе биде наменета само за студентите во државните универзитети во државата. Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за образование и наука Јетон Шакири денеска одржаа работен состанок со претставници на студентските собранија на дел од државните универзитети на кои им ја презентираа оваа нова мерка.

Целта на состанокот беше заедно со претставниците на студентските здруженија да се утврдат критериумите по кои ќе се доделуваат ваучерите за домашен туризам.

“Денеска со студентите разговаравме за критериумите за доделување на ваучериза домашен туризам за студентите и за нивните очекувања од оваа мерка која Министерството ја реализира изминатите четири години за работниците со ниски приходи. Во соработка со Министерството за образование и наука донесовме оваа мерка на Министерството за економија следната година да биде наменета само за студентите. Сакаме на студентите да им дадеме можност да ги посетат домашните туристички места, да ги истражат туристичките потенцијали на земјата. За оваа цел се предвидени 64 милиони денари во буџетот на Министерството за економија. Вредноста на ваучерот ќе зависи од предлозите кои ќе дојдат од студентите, а во зависност од тоа ќе се знае и бројот на студенти кои ќе бидат опфатени, а според првичните проценки ќе бидат опфатени од 3.000 до 4.000 студенти од државните универзитети“ кажа министерот Бектеши по состанокот со претставниците на студентите.

Мерката како што кажа министерот Бектеши е предвидено да почне да се реализира од јануари следната година, а ваучерите ќе може да се користат до крајот на следната година.

Министерот за образование и наука Јатон Шакири кажа дека Министерството за образование и наука заедно со Министерството со економија воведува нова мерка за подигнување на студентскиот стандард.

„Во минатото имавме повеќе мерки кои ги дискутиравме со сите здруженија на студенти во однос на повисока вредност на субвенционираниот студентскиот оброк, продолжувајќи со повисоки стипендии и сега продолжуваме со поддршка на судентите со ваучери за домашен туризам. Мерката е за поздравување бидејќи студентите во текот на своето студирање мора да ги мотивираме за да остварат подобри резултати, а со оваа мерка може да придонесеме и за туристичкиот развој на нашата земја“ кажа министерот Шакири.

Оваа мерка е дополнување на мерките од деветтиот пакет антикризни мерки на Владата во делот на подобрување на студентскиот стандард, покрај поддршката за превоз за студентите и учениците.

Критериумите за ваучерите за студентите ќе бидат прецизирани во текот на следната недела и ќе произлезат од предлозите на студентските здруженија.

Tags: Бектешиваучеринова меркаШакири
Next Post

Ременски за Глас на Америка: Групата на Палевски, неофицијално, имала списоци за изнуди и ликвидации

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk